Бери Бериш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бери Бериш
05-0367-92D.hr.jpg
Бериш во 2005 година
РоденБери Кларк Бериш
јануари 27 1936 (1936-01-27) (83 г.)
Омаха, Небраска,САД
ПолињаФизика
УстановиКалифорниски универзитет Калифорниски институт за технологија
Теза„Изучување на реакцијата меѓу негативен пион плус протон кои стануваат негативен пион плус неутрален пион и плус протон на 310 и 377 MеV“ (1962)
Докторски менторКарл Хелмхолц
Поважни награди
СопружникСамоа Бериш
Деца2
Barry C. Barish at Nobel Prize press conference in Stockholm, December 2017)


Бери Кларк Бериш (27 јануари 1936) — американски експериментален физичар и нобеловец. Станува збор за професор по физика при Калифорнискиот институт за технологија. Тој е водечки експерт за гравитационите бранови.

Во 2017, Бериш е награден со Нобелова награда по физика заедно со Рајнер Вајс и Кип Торн „за одлучувачки придонеси за детекторот ЛИГО и за набљудување на гравитационите бранови.[1][2][3][4]

Во 2018 година, тој се вработува на Калифорнискиот универзитет, во Ривердеј и станува вториот добитник на Нобелова награда кој работи на овој универзитет.[5]

Раѓање и образование[уреди | уреди извор]

Бериш е роден во Небраска, Небраска, како син на Ли и Харолд Бариш.[6] Семејствата на неговите родители биле еврејски мигранти од Полска, дел кој сега е во Белорусија.[7][8][9] По Втората светска војна, семејството се преселило во Лос Фелис во Лос Анџелес. Тој се школувал во средното училиште „Џон Маршал“ и други училишта.[10]

Тој дипломирал на катедрата по физика во (1957 година) и се стекнал со докторат за експериментална високоенергетска физика во 1962 година при Калифорнискиот универзитет, во Беркли.[11]. Тој се вработува на Калтех во 1963 година, како дел од новиот експериментален напор во честичната физика со помош на забрзувачи на честички во националните лаборатории. Од 1963 до 1966 година бил научен соработник, а од 1966 до 1991 година, доцент, вонреден професор, и професор по физика. Од 1991 до 2005 година тој станува Линдеов професор по физика, а потоа и почесен Линдеов професор по физика.[12] Од 1984 до 1996 година бил главен истражувач на групата за високоенергетска физика при Калтех.

Истражувања[уреди | уреди извор]

Првите експерименти на Бариш беа изведени во Фермилаб користејќи високоенергетски неутрински судири за да се открие кварковата подструктура на нуклеонот.[13] Овие експерименти се меѓу првите при кои се набљудувала слабата неутрална струја, нишката за обединување на двете сили во една со теориите на Глешоу, Салам и Вајнберг.[14]

Во 80-тите години, тој го конструира МАКРО, експеримент во една пештера во Гран Сасо, Италија, чија цел е потрага за егзотични честички магнетни монополи и исто така ги проучувале продирните космички зраци, вклучувајќи ги и неутринските мерења кои обезбедиле потврден доказ дека неутрината имаат маса и осцилираат.[15]

Во 1991 година, Бариш беше прогласен за Максин и Роналд Линд, професор по физика во Калтех.

Во почетокот на 1990-тите, тој го предводеше ГЕМ (гами, електрони, миони), експеримент кој ќе се одвива во суперспроводниот суперсудирач, кој бил одобрен откако претходниот проект L * предводен од Семјуел Тинг (и Бериш како претседател на одборот за соработка) бил отфрлен од страна на ССК директорот Рој Швитерс.[15][16] Бериш беше портпарол на ГЕМ.

Бариш стана главен истражувач на Ласерската интероферометриска гравитационо-бранова опсерваторија (ЛИГО) во 1994 година, и директор во 1997 година. Тој го предводеше напорот преку одобрување на финансирање од страна на Националниот научен одбор (НСФ) во 1994 година, изградбата и пуштањето во работа на интерферометарот LIGO во Ливингстон, Лос Анџелес и Ханфорд Вашингтон, во 1997 година. Тој ја создава научната соработка ЛИГО, која сега брои повеќе од 1.000 соработници низ светот кои помагаат во научните истражувања

Почетните детектори на LIGO достигнаа чувствителност на дизајнот и поставија многу ограничувања на астрофизичките извори. Предлогот на Напредно LIGO бил развиен за време на директорувањето на Бариш, и тој продолжил да има водечка улога во LIGO и Напредно LIGO. Првото откривање на спојувањето на двете црни дупки со 30 M⊙ беше изведено на 14 септември, 2015 година [17] Ова претставуваше прво директно набљудување на гравитационите бранови, од нивното предвидување од страна на Ајнштајн во 1916 година и првото набљудување на спојувањето на пар црни дупки. Бериш го дал првото предавање за ова откритие пред научната јавност во ЦЕРН на 11 февруари 2016 година,[18] истовремено со јавната најава.[19]

Од 2001 до 2002 година, Бериш служеше како копретседател на Високоенергетскиот советодавен одбор пододбор кој развил долгорочен план[20] за високоенергетска физика во САД. Тој претседавал со Комисијата за честички и полиња и со американскиот соработнички комитет при Меѓународниот сојуз за чиста и применета физика (ИУПАП). Во 2002 година тој го предводеше со одборот за физика и астрономски неутрински објекти и извештајот за процена на изветајот на комитетот, „Неутрина и понатаму“.

Од 2005 до 2013 година Бери Бериш стана директор на Глобалниот осмислувачки напор[21] за Меѓународниот линиски судирач (МЛС).[22]МЛС е проектот од највисок приоритет за иднината на честичната физика ширум светот, со што се очекува да биде содружен со Големиот хадронски судирач при ЦЕРН за истражување на величините во TeV. Овој амбициозен напор е безрезервно координиран ширум светот, што претставува голем чекор во меѓународната соработка за концепти и замисли за употреба на големоразмерни проекти во физиката.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, тој ја добива Клопштеговата меморијална награда[23] доделена од страна на Американското друштво на учители-физичари. Бериш е почестен и од страна на Болоњскиот универзитет (2006)[24] и Флоридскиот универзитет (2007) кои му доделиле почесни докторати. Во 2007 година, тој ги одржал ван Флековите предавања[25] при Минесотскиот универзитет. Глазговскиот универзитет го почестил Бериш со почесна диплома по наука во 2013 година.

Бериш бил почестен и со титулата Титан на физиката во На рамената на џиновите[26] серија во 2016 година при Светскиот научен фестивал.

Во 2016 година, Бериш ја добива наградата „Енрико Ферми“ „за неговите основни придонеси за создавањето на соработките ЛИГО и ЛИГО-Вирго и за неговата улога за справување со технолошките и научните аспекти со чие разрешување се овозможило за првпат да се забележат гравитационите бранови“.[27]

Бериш е добитник на наградата за Американска иновативност во категоријата за физика доделена од страна на списанието Смитсонијан во 2016 година.[28]

Бериш е награден во 2017 година со медалот „Хенри Драпер“ од страна на Националната академија на науките „за неговата визионерска и водечка улога, научно водство и создавањето на новата инструментална замисла за развојот на ЛИГО што е од врвно значење за успешноста на ЛИГО да ги забележи гравитационите бранови создадени од судирните црни дупки, на тој начин потврдувајќи го Ајнштајновото 100 годишно предвидување за постоењето на гравитационите бранови и запошнувањето на новата гранка наречена гравитационо бранова астрономија.“[29]

Бериш е добитник и на наградата „Џузепе и Вана Кокони“[30] од страна на Европското друштво на физичарите за неговата „пионерска и водечка улога во опсерваторијата ЛИГО што довело директно до отркивањето на гравитационите бранови, отварајќи нов прозорец кон Универзумот.“

Бериш е добитник на наградата „Принцеза на Астурија“ во 2017 година за неговата работа за откривање на гравитационите бранови (заедно со Кип Торн и Рајнер Вајс).[31]

Бериш е добитник на наградата за наука „Фудан-Жонгжи“ во 2017 година[32] за неговата „водечка улога во изградбата и почетната работа на ЛИГО, создавањето на меѓународната научна соработка ЛИГО, и успешното претворање на ЛИГО од мал научен експеримент изведуван од неколку истражувачки групи во голема научно достигнување кое вклучувало повеќе поголеми соработки и големи инфраструктури, што заедно довело до забележување на гравитационите бранови“ (заедно со Кип Торн и Рајнер Вајс).[33]

Во 2017 година, ја добива Нобеловата награда за физика (заедно со Рајнер Вајс и Кип Торн) „за одлучни придонеси за детекторот ЛИГО и набљудувањето на гравитационите бранови“.[1]

Во 2018 година, Бериш бил почестен како Алумнус на годината од страна на Калифорнискиот универзитет во Беркли.[34]

Во 2018 година, стекнува почесен докторат од Јужниот методистички универзитет.[35]

Во 2018 година, тој е прогласен за почесен доктор на науки од страна на Софискиот универзитет Св. Климент Охридски [36]

Бериш е зибран за член на следнива организации:

Семејство[уреди | уреди извор]

Бери Бериш е оженет со Самоа Бериш. Тие имаат две деца, Стефани Бериш и Кенет Бериш, професор и раководител за физика и астрономија при Калифорнискиот универзитет, во Риверсдејл[38] и три внучиња, Мило Бериш Чемберлин, Теа Чемберлин и Ариел Бериш.[39]

Препораки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Nobel Prize in Physics 2017“. The Nobel Foundation. October 3, 2017. конс. October 3, 2017. 
  2. Einstein's waves win Nobel Prize“, „BBC News“, 3 октомври 2017 (посет. 3 октомври 2017 г).
  3. Overbye, Dennis. „2017 Nobel Prize in Physics Awarded to LIGO Black Hole Researchers“, „The New York Times“, 3 октомври 2017 (посет. 3 октомври 2017 г).
  4. Kaiser, David. „Learning from Gravitational Waves“, „The New York Times“, 3 октомври 2017 (посет. 3 октомври 2017 г).
  5. Nobel Laureate Barry Barish Joins UC Riverside Faculty“, „UCR Today“. (на en-US)
  6. https://www.familysearch.org/ark:/61903/1:1:K999-5XC
  7. „Interview with Shirley K. Cohen“ (PDF). конс. 2017-10-03. 
  8. „A Small-Town Jewish Family’s Rebuke of Car Maker Henry Ford“. конс. October 3, 2017. 
  9. Hillside Memorial Park Jewish Cemetery in Los Angeles
  10. „Marshall High alumnus wins Nobel Prize in Physics“. конс. October 18, 2017. 
  11. Barish, Barry Clark (1963). A study of the reaction negative pion plus proton going to negative pion plus neutral pion plus proton at 310 and 377 MEV (Ph.D.). University of California, Berkeley. OCLC 16727804 – преку ProQuest.  Unknown parameter |url-access= ignored (помош)
  12. https://labcit.ligo.caltech.edu/~BCBAct/BCB_CV0316.pdf
  13. [http: //www.hep.caltech.edu/hepnews/news.html#the-high-energy-physics-group-met-at-caltechs-athenaeum-with-former-hep-pi-and-2017 издавач = Caltech „CALTECH HEP NEWS“]. конс. 13 октомври 2017. 
  14. „The Nobel Prize in Physics 1979“. Nobel Foundation. конс. October 15, 2017. 
  15. 15,0 15,1 Cho, Adrian (26 мај 2006 г). A Quiet Leader Unites Researchers in Drive for the Next Big Machine (на en). „Science“ том  312 (5777): 1128–1129. doi:10.1126/science.312.5777.1128. ISSN 0036-8075. PMID 16728609. http://science.sciencemag.org/content/312/5777/1128. 
  16. Michael Riordan; Lillian Hoddeson; Adrienne W. Kolb (November 20, 2015). Tunnel Visions: The Rise and Fall of the Superconducting Super Collider. University of Chicago Press. стр. 157–. ISBN 978-0-226-29479-7. https://books.google.com/books?id=2NspCwAAQBAJ&pg=PA157. 
  17. Observation of Gravitational Waves from a Binary Black Hole Merger, PhysRevLett.116.061102.
  18. „New results on the Search for Gravitational Waves“. CERN. конс. October 15, 2017. 
  19. New results on the Search for Gravitational Waves. 11 февруари 2016 г. https://cds.cern.ch/record/2131411. посет. 3 октомври 2017 г. 
  20. „Subpanel on Long Range Planning for US HEP“ (PDF). Office of Science. 
  21. „ILC Global Design Effort“. LinearCollider.org. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. конс. 2013-02-11. 
  22. „Barry Barish to lead International Linear Collider design.“. Interactions.org. 
  23. „Klopsteg Memorial Lecture Award“. American Association of Physics Teachers. 2017. конс. December 14, 2017. 
  24. „University of Bologna“. ILC Newsline. Архивирано од изворникот на 2010-10-15. конс. 2013-02-11. 
  25. „Van Vleck Lectures“. University of Minnesota. 
  26. „On the Shoulders of Giants“. World Science Festival. 
  27. „2016 Enrico Fermi Prize“. Società Italiana di Fisica. 
  28. „2016 American Ingenuity Awards“. Smithsonian Magazine. 
  29. „2017 Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. 
  30. „The Giuseppe and Vanna Cocconi Prize“. European Physical Society. 
  31. Tecnologías, Developed with webControl CMS by Intermark. „The Princess of Asturias Foundation“. www.fpa.es. конс. October 3, 2017. 
  32. „2017 Fudan-Zhongzhi Science Award Announcement“. Архивирано од изворникот на September 2, 2017. конс. December 14, 2017. 
  33. „Fudan-Zhongzhi Science Award“. конс. October 3, 2017. 
  34. „Alumnus of the Year proves Einstein was right“. UC Berkeley. 
  35. „Barry C. Barish, Nobel Prize-Winning Physicist, to Receive Honorary Doctorate From SMU During 103rd Commencement, May 19“. Southern Methodist University. 
  36. „Prof. Barry Barish was awarded the Honorary Title "Doctor Honoris Causa" at Sofia University, Dec 12“. Sofia University. 
  37. „Members Elect Barry Barish as Next APS Vice-President“. American Physical Society. конс. October 29, 2017. 
  38. „UCR Professor’s Father Wins Nobel Prize in Physics“. UC Riverside. конс. October 5, 2017. 
  39. „We welcome another new PHENIXian: Ariel Dizon Barish“. Brookhaven National Laboratory. конс. November 18, 2017. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]