Марија Геперт-Мајер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Марија Геперт Мајер
Maria Goeppert-Mayer.jpg
Роден 28 јуни 1906(1906-06-28)
Kattowitz, Германска Империја
(денешно Kатовице, Полска)
Починал 20 февруари 1972(1972-02-20) (воз. 65 г.)
Сан Диего, Калифорнија, Соединети Американски Држави
Државјанство Германија
Соединети Американски Држави
Националност Германка/Американка
Полиња Физика
Установи Сара Лоренс Колеџ
Универзитет Колумбија
Лабораторија Лос Аламос
Аргон Национална Лабораторија
Калифорниски Универзитет, Сан Диего
Образование Универзитет во Гетинген
Докторски ментор Макс Борн
Познат по Нуклеарна шел структура
Поважни награди Нобелова награда за физика (1963)
Потпис

Марија Геперт-Мајер (28 јуни 1906 - 20 февруари 1972) — родена во Германија, американски теоретски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика за предлагање на слоевиот модел на атомското јадро. Таа е втората жена добитник на Нобелова награда за физика, по Марија Кири.

Дипломирала на Универзитетот во Гетинген, Геперт Мајер го напишала нејзиниот докторат на теоријата на можноапсорбирање на два фотони од еден атом. Во тоа време, шансите за експериментално проверување на нејзината теза личеле причилно далечни, но развојот на ласерот го дозволило тоа. Денес, единицата за крос апсорпција секција на два фотони е именувана Геперт Мајер (ГМ) единица.

Марија Геперт се омажила со Едвард Џозеф Мајер и се преселиле во САД, каде што тој бил вонреден професор на Џон Хопкинс Универзитетот . Строгите правила против непотизам го спречиле Универзитетот Џон Хопкинс да ја прими како член на факултетот, но и била дадена работа како асистент и објавила историски трудови задвојно бета распаѓање во 1935. Во 1937 година, се пресфрлила во Универзитетот во Колумбија, каде зела неплатена позиција. Во текот на Втората светска војна, Геперт работела на проектот Менхетен во Колумбија за одделување на изотопи, и со Едвард Телер во Лос Аламос лабораторијата за развојот на Телеровата "Супер" бомба.

По војната, Геперт Мајер станала доброволен вонреден професор по физика на Универзитетот во Чикаго (каде Телер и нејзиниот сопруг работеле) и физичарка во блиската Аргон Национална Лабораторија. Таа развила математички модел за структурата на нуклеарни шелс, за кој ја добила Нобеловата награда за физика во 1963 година, која ја дели со Ј. Ханс Г. Јенсен и Јуџин Вигнер. Во 1960 година,била назначена за редовен професор по физика нa Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Марија Геперт била родена на 28 јуни, 1906 година, во Катовиц (денешно Катовице, Полска), град во Прусија,како единствено дете на Фридрих Геперт и неговата сопруга Марија мом Волф.[1] Во 1910 година, се преселила со своето семејство во Гетинген кога нејзиниот татко,[2] шеста генерација професор на универзитет ,[3] бил назначен за професор по педијатрија на Универзитетот во Гетинген. Геперт била поблиска со нејзиниот татко од нејзината мајка. "Па, татко ми беше поинтересен", таа објаснила подоцна. "Тој сепак беше научник." [4]

Геперт била образована на Високо Техничко во Гетинген, училиште за средната класа девојки кои се стремеле кон високо образование.[5] Во 1921 година влегла во Frauenstudium, приватна гимназија водена од суфражетки кои имале за цел да ги подготват девојките за универзитет. Правела Abitur(матура) , приемен испит на универзитетот , на 17 годишна возраст, една година порано, со три или четири девојки од нејзиното училиште и триесет момчиња. Сите девојки положиле,и само едно од момчињата .[6]

Во пролетта 1924 година, Геперт влегла на Универзитетот во Гетинген, каде што студирала математика.[7] Наводниот недостаток на жени математичарки -наставници за училиштата за девојчиња довело до пораст на жени кои студираат математика, во време на висока невработеност, и имало и женски професор по математика на Гетинген,Еми Ноетер, но повеќето биле заинтересирани само за квалификациите на нивниот наставен сертификат.[8]

Наместо тоа, Геперт се заинтересирала за физика и одбрала да докторира. Во нејзината 1930 докторска дисертација[9] таа работела на теоријата на можноста за две фотон апсорпции од еден атом. Јуџин Вигнер подоцна ја опишува тезата како "ремек-дело на јасност и конкретност".[10] Во тоа време, шансите за експериментално проверување на нејзината теза личеле причилно далечни, но развојот наласерот го дозволило експериментална верификација во 1961 година, кога две фотон-возбудена флуоресценција била откриена во кристал полиен со еуропиум..[11] Во нејзина чест единицата за крос апсорпција секција на два фотони е именувана Геперт Мајер (ГМ) единица. Еден ГМ е 10−50 cm4 s photon−1.[12] . Нејзини испитувачи биле три идни добитници на Нобелова награда: Макс Борн, Џејмс Франк и Адолф Ото Рајнхолд Виндхаус.[13]

На 19 јануари 1930 година, Геперт се оженила со Јосиф Едвард Мајер, американски Рокфелер кој бил еден од асистентите на Џејмс Франк.[14] [15] Двајцата се сретнале кога Мајер се возел со семејството Геперт.[16] Парот се преселил во матичната земја на Мајер Соединетите Американски Држави, каде што му била понудена позиција како вонреден професор по хемија на Универзитетот Џон Хопкинс.[17] Имаат две деца, Марија Ен и Питер Конрад.[14]

Соединети Американски Држави[уреди | уреди извор]

Строги правила против непотизмот наводно гo спречиле Универзитетот Џон Хопкинс од вработување на Геперт Мајер како член на факултет,[18] но и била дадена работа како асистент на Катедрата за физика да соработува со германската кореспонденција. Добила многу мала плата, место за работа и пристап до објектите. Предавала на неколку курсеви,[14] [19] и објавила важен документ за двојно бета распаѓање во 1935.[20]

Некои [училишта] дури би и дале работа, иако одбивале да и платат, а темите биле типично 'женски', како откривање што предизвикува бои...Универзитетот во Чикаго конечно ја прифатиле доволно сериозно да ја назначат за професор по физика. Иако добила сопствена канцеларија, одделот сеуште не ја плаќал за нејзината работа... Кога шведската академија објавила во 1963 дека ја заслужила највисоката чест во нејзината професија, дневниот весник Сан Диего го отпоздравил овој голем ден со насловот „С.Д. Мајка освојува Нобелова награда“.

[21]

Ималo мал интерес во квантната механика во Џон Хопкинс, но Геперт Мајер работела со Карл Херцфелд, соработувале на голем број документи. Таа, исто така, се вратила во Гетинген во летото 1931, 1932 и 1933 година да работат со нејзиниот поранешен испитувач Борн, пишувајќи статија со него за Handbuch der Physik. Ова завршило кога Нацистичката партија дошла на власт во 1933 година, и многу научници, вклучувајќи ги Борн и Франк, ги загубиле своите работни места. Геперт Мајер и Херцфелд се вклучиле во напорите за помош на бегалците.[14] [19]

Џо Мајер бил отпуштен во 1937. Отказот го поврзал со омразата кон жените од страна на Деканот за физички научи, за кој мислел дека бил провоциран од присуството на Геперт Мајер во лабораторијата. [22] Херцфелд потврдил и додал дека сите, Геперт Мајер, Франк и Херцфелд во лабораторијата, било сметано дека се премногу германски научници . Исто така имало поплаки од некои ученици дека предавањата на Мајер содржеле многу нова модерна физика.[23] Мајер земала позиција на Колумбискиот Универзитет, каде претседателот на делот за физика, Џорџ Б. Пеграм, договорил Геперт Мајер да добие канцеларија, но не добивала плата. За скоро време се спријателила со Харолд Уреј и Енрико Ферми, кои дошле во Колумбија во 1939. Ферми побарал од неа да ја истражува шел валенцијата на неоткриените трансурански елементи. Користејќи го Томас-Ферми моделот, Геперт предвидела дека ќе формираат нова серија слична на ретките земјени елементи. Ова се докажало да е точно. [24]

Проектот Менхетен[уреди | уреди извор]

Портрет на Геперт Мајер

Во декември 1941, Геперт Мајер ја добила нејзината прва платена професионална позиција, предавала наука на Сара Лоренс Колеџот. Пролетта 1942, кога С.А.Д. се вмешале во Бтората светска војна, се придружила на проектот Менхетен . Прифатила полувремена истражувачка работа од Уреј со лабораториите за заменливи алуминиумски материјали при Колумбискиот универзитет. Целта на овој проект била да се најдат средства за одвојување на фисиски ураниум-235 изотоп во природен ураниум; ги истражувала хемиските и термодинамички карактеристики на ураниум хексафлуорид и можноста за одделување изотопи со фотохемиски реакции. Овој метод се покажал непрактичен во тоа време, но развојот на ласерот подоцна ќе ја отвори можноста за одделување на изотопи со ласерско возбудување [25].

Преку нејзиниот пријател Едвард Телер, Геперт Мајер и била дадена позиција во Колумбија со проектот Непроѕирност, кој ги истражувал карактеристиките на материјата и радијацијата на високи температури притоа внимавајќи и на развојот на Телеровата "Супер" бомба, воената програма за развој на термонуклеарно оружјеs.[25] Во февруари 1945, Џо бил пратен на Пацифичката војна, и Геперт Мајер одлучила да ги напушти нејзините деца во Њѕ Јорк и да и се придружи на Телеровата група во Лос Аламос лабораторијата. Џо се вратил од Пацификот побрзо од очекуваното, и заедно се вратиле во Њу Јорк во јули 1945. [25][26] Во февруари 1946, Џо станал професор во хемискиот дел и новиот Институт за нуклеарни студии при Универзитетот на Чикаго, и Геперт Мајер и можела да биде волонтарен професор по физика во училиштето. Кога и Телер прифатил позиција таму, можела да ја продолжи работата за непровидност со него. Кога блиската Аргон Национална Лабораторија била основана на 1ви јули, 1946, Геперт Мајер и била понудена полувремена работа таму како виш професор во делот за теоретска физика. Таа одговорила со "Јас не знам ништо за нуклеарна физика."[27] In February 1946, Joe became a professor in the Chemistry Department and the new Institute for Nuclear Studies at the University of Chicago, and Goeppert Mayer was able to become a voluntary associate professor of Physics at the school. When Teller also accepted a position there, she was able to continue her Opacity work with him. When the nearby Argonne National Laboratory was founded on July 1, 1946, Goeppert Mayer was also offered a part-time job there as a senior physicist in the Theoretical Physics Division. She responded "I don't know anything about nuclear physics." Го програмирала ЕНИИКна Абердин полигонот да ги реши критичните проблеми за течен метал оладен реактор користејќи го Монте Карло методот.[28]

Нуклеарен шел модел[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Слоест модел на јадрото.
Марија Геперт Мајер доаѓа на Нобеловата церемонија со крал Густав Адолф шести од Шведска во 1963

За време на нејзиниот престој во Чикаго и Аргон во доцните 1940ти, Геперт Мајер развила математички модел за структурата нануклеарни школки, кој го објавила во 1950. .[29][30] Нејзиниот модел објаснил зошто одредени броеви на нуклеони во атомското јадро резултираат во делумно стабилни конфигурации. Овие броеви се што Еуџин Вигнер ги нарекла магични броеви: 2, 8, 20, 28, 50, 82, and 126. Енрико Ферми дал критичко гледиште прашувајќи ја: "Дали има индикација од спин орбитна спојка?"[31] Таа сфатила дека ова бил навистина счучајот, и постулирала дека јадрото е серија од затворени школки и парови неутрони и протони кои имаат тенденција да се спарат.[32][33] Ја дала следната идеа:

Размисли за соба полна валцери. Да претпоставиме дека кружат во собата, секој круг затворен во друг. Тогаш замисли дека во секој круг, може да собере два пати повеќе танчери ако еден пар оди според стрелките на часовникот а друг пар обратно. Тогаш додади уште една варијација; сите танчери се вртат наоколу како топки дур кружат во собата, секој пар се врти и кружи. Но само некои од тие што одат спротивно од стрелките, кружат спротивно од стрелките. Другите вртат по стрелките дур кружат обратно. Истото е точно за тие кои танцуваат наоколу по стрелките на часовникот: некои вртат по стрелките, другите вртат обратно.[34]

Три германски научници, Ото Хаксел, Џ. Ханс Д. Џенсен, и Ханс Суес, исто така работеле да го решат истиот проблем, и дошле до истиот заклучок самостојно. Нивните резултати биле објавени во списанието Физички преглед пред изјавата на Мајер во јуни 1949. [35][36] После тоа, соработувала со нив. Ханс Џенсен заедно со Геперт Мајер напишале книга во 1950 насловена Елементарна теорија на нуклеарни школка структури.[37] Во 1963, Геперт Мајер, Џенсен и Вигнер ја делеле Нобеловата награда за физика "за нивните откритија во поглед нуклеарната школка структура."[38] Таа била втора добитничка на Нобелова награда за физика, по Марија Кири.[39]

Погледни исто така[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Ferry 2003, стр. 18.
  2. Sachs 1979, стр. 311.
  3. Dash 1973, стр. 236.
  4. Sachs 1979, стр. 312.
  5. Ferry 2003, стр. 23.
  6. Dash 1973, стр. 233–234.
  7. Sachs 1979, стр. 313.
  8. Dash 1973, стр. 250.
  9. Goeppert-Mayer M. Über Elementarakte mit zwei Quantensprüngen. „Annals of Physics“ том  9 (3): 273–295. doi:10.1002/andp.19314010303. Bibcode1931AnP...401..273G. 
  10. Sachs 1979, стр. 314.
  11. Kaiser, W.; Garrett, C.G.B.. Two-photon excitation in CaF2:Eu2+. „Physical Review Letters“ том  7 (6): 229–232. doi:10.1103/PhysRevLett.7.229. Bibcode1961PhRvL...7..229K. 
  12. „Two-Photon Absorption Measurements: Establishing Reference Standards.“. Australian National University. 8 јуни 2007. http://www.dtic.mil/cgi-bin/GetTRDoc?AD=ADA473083. конс. 14 септември 2013 г. 
  13. Dash 1973, стр. 264.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 Sachs 1979, стр. 311-312.
  15. „Maria Goeppert-Mayer“. http://www.epigenesys.eu/en/science-and-you/women-in-science/811-maria-goeppert-mayer. конс. 22 септември 2014 г. 
  16. Dash 1973, стр. 258-259.
  17. Dash 1973, стр. 265.
  18. Wigner, Eugene P. (мај 1972 г). Maria Goeppert Mayer. „Physics Today“ том  25 (5): 77–79. doi:10.1063/1.3070875. Bibcode1972PhT....25e..77W. http://scitation.aip.org/content/aip/magazine/physicstoday/article/25/5/10.1063/1.3070875. 
  19. 19,0 19,1 Ferry 2003, стр. 40-45.
  20. Sachs 1979, стр. 315.
  21. Kean 2010, стр. 27–28, 31.
  22. Dash 1973, стр. 283.
  23. Dash 1973, стр. 284.
  24. Sachs 1979, стр. 317.
  25. 25,0 25,1 25,2 Sachs 1979, стр. 318.
  26. Dash 1973, стр. 296-299.
  27. Schiebinger 1999, стр. 59.
  28. Sachs 1979, стр. 319-320.
  29. Goeppert-Mayer, Maria (април 1950 г). Nuclear configurations in the spin-orbit coupling model. I. Empirical Evidence. „Physical Review“ том  78 (1): 16–21. doi:10.1103/PhysRev.78.16. Bibcode1950PhRv...78...16M. 
  30. Goeppert-Mayer, Maria (април 1950 г). Nuclear Configurations in the Spin-Orbit Coupling Model. II. Theoretical Considerations. „Physical Review“ том  78 (1): 22–23. doi:10.1103/PhysRev.78.22. Bibcode1950PhRv...78...22M. 
  31. Sachs 1979, стр. 322.
  32. Sachs 1979, стр. 320-321.
  33. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име nndb.
  34. Dash 1973, стр. 316.
  35. Haxel, Otto; Jensen, J. Hans D.; Suess, Hans (јуни 1949 г). On the "Magic Numbers" in Nuclear Structure. „Physical Review“ том  75 (11): 1766–1766. doi:10.1103/PhysRev.75.1766.2. Bibcode1949PhRv...75R1766H. 
  36. Goeppert-Mayer, Maria (јуни 1949 г). On Closed Shells in Nuclei. II. „Physical Review“ том  75 (12): 1969–1970. doi:10.1103/PhysRev.75.1969. Bibcode1949PhRv...75.1969M. 
  37. Sachs 1979, стр. 323.
  38. „Maria Goeppert Mayer – facts“. The Nobel Prize in Physics 1963. NobelPrize.org. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1963/mayer-facts.html. конс. 9 јули 2013 г. 
  39. Ferry 2003, стр. 87.

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Wuensch, Daniela (2013). Der letzte Physiknobelpreis für eine Frau? Maria Goeppert Mayer: Eine Göttingerin erobert die Atomkerne. Nobelpreis 1963. Zum 50. Jubiläum.. Göttingen, Germany: Termessos Verlag. стр. 148, 44 photos, 2 diagrams. ISBN 978-3-938016-15-2. 
  • Opfell, Olga S. (1978). The Lady Laureates: Women who have won the Nobel Prize. Metuchen, N.J.: Scarecrow Press. стр. 194–208. ISBN 0-8108-1161-8. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]