Данкан Холдејн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Данкан Холдејн
Duncan Haldane
Роден Фредерик Данкан Мајкл Холдејн
14 септември 1951 (1951-09-14) (воз. 65 г.)[1]
Лондон, Англија
Полиња физика на кондензираната материја
Установи Принстонски универзитет
Белови лаборатории
Образование Кембрички универзитет
Познат по Холдејнови псевдопотенцијали во дробниот квантен Холов ефект
Поважни награди „Оливер Е. Бакли“ (1993)
Нобелова награда за физика (2016)
Страница
physics.princeton.edu/~haldane/

Фредерик Данкан Мајкл Холдејн (англиски: Frederick Duncan Michael Haldane; 14 септември 1951) — англиски физичар и професор на Принстонскиот универзитет во САД и заслужен гостувачки професор на Институтот за теориска физика „Периметер“. Во 2016 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Џон Костерлиц.[2]

Образование[уреди | уреди извор]

Основното образование го стекнал во училиштето „Сент Полс“, а потоа продолжил на Кембричкиот универзитет.[3]

Работа и заслуги[уреди | уреди извор]

Холдејн е познат по низа важни придонеси за физиката на кондензираната материја, меѓу кои и теоријата за Латинџеровите течности, теоријата за еднодимензионални спинови вериги, теоријата за дробниот квантен Холов ефект, исклучивата статистика, спектри на испреплетеност и разни други откритија.

Во поново време работел на геометриски опис на дробниот квантен Холов ефект каде како поим го вовел обликот на „сложениот бозон“, опишан со „едномодуларно“ (определница 1) просторно метричко тензорско поле како фундаментален збирен степен на слобода на состојбите кај дробниот квантен Холов ефект.[4] Овој нов опис „Черн-Сајмонсов модел + квантна геометрија“ преставува замена за парадигмата „Черн-Сајмонсов модел + Гинзбург-Ландауова теорема“ околу 1990 г. За разлика од претходната, оваа парадигма дава опис на збирниот режим на дробниот квантен Холов ефект кој е складен со Гервин-Мекдоналд-Плацмановата еднорежимска апроксимација.[5]

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Холдејн е носител на низа награди и почести како членство во Кралското друштво во Лондон, Американската академија на уметностите и науките во Бостон, Американското физичко друштво, Институтот за физика (Лондон) и Американското здружение за унапредување на науката; добитник на Ваклиевата наградата „Оливер Е. Бакли“ на Американското физичко друштво (1993); истражувачки соработник на задолжбината „Алфред П. Слоун“ (1984–88); Лоренцовски професор (2008), добитник на Дираковиот медал (2012) [6] и Нобеловата награда за физика (2016).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Array of contemporary American physicists“. American Physical Society. http://www.aip.org/history/acap/biographies/bio.jsp?haldanef. конс. 23 април 2012 г. 
  2. Devlin, Hannah; Sample, Ian (4 октомври 2016). „British trio win Nobel prize in physics 2016 for work on exotic states of matter – live“. http://www.theguardian.com/science/live/2016/oct/04/nobel-prize-in-physics-2016-to-be-announced-live. конс. 4 октомври 2016 г. 
  3. ‘HALDANE, Prof. (Frederick) Duncan (Michael)’, Who's Who 2016, A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc, 2016
  4. "Geometrical Description of the Fractional Quantum Hall Effect [1]
  5. "Hall viscosity" and intrinsic metric of incompressible fractional Hall fluids [2]
  6. „F. Duncan M. Haldane“. Princeton University. http://wwwphy.princeton.edu/~haldane/index.html. конс. 2 јули 2011 г.