Едвард Милс Персел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Едвард Персел
Edward Mills Purcell.jpg
Роден август 30, 1912(1912-08-30)
Тејлорвил (Илиноис), САД
Починал март 7, 1997(1997-03-07) (воз. 84 г.)
Кембриџ (Масачусетс), САД
Националност САД Американец
Полиња Физика
Установи Харвард
ИТМ
Образование Пурдјуски универзитет
Харвард
Докторски ментор Кенет Бејнбриџ
Други ментори Џон Хасбрук Ван Влек
Докторанди Николас Бломберген
Џорџ Паке
Џорџ Бенедек
Чарлс Пенс Слихтер
Познат по НМР
Смит-Перселов ефект
21 cm линија
Поважни награди Нобелова награда за физика (1952)
Ерстедов медал (1967)
Национален медал за наука (1979)
Макс Делбракова награда (1984)
Беатрис М. Тинслиева награда (1988)
Антена користена од Харолд Евен и Едвард Персел во лимановата лабораторија за физика во Харвард во 1951 за првата детекција на радио зрачење од нуклеарен атомски хидрогенски гас во Млечниот Пат на бранова должина од 21cm.[1]

Едвард Милс Персел (англиски: Edward Mills Purcell 30 август 19127 март 1997) бил американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1952 за неговите самостојни пронајдоци (објавени 1946) на нуклеарна магнетна резонанца во течности и цврсти материи. Нуклеарната магнетна резонанца станала широко употребувана во проучување на молекуларната градба на чистите материјали и составот на мешавини.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден и израснат во Тејлорвил, Илиноис, Персел ја добил дипломата за електротехника од Пурдјускиот универзитет, проследено со неговото магистрирање и докторирање по физика во Харвард. Бил член во Алфа Кси поглавјето на Фи Капа Сигма братството додека бил во Пурдју.[2] Во времето на Втората светска војна работел во лабораторијата на институтот за технологија во Масачусетс на развојот на микробрановиот радар, Персел се вратил во Хардвард за да го спроведе истражувањето. Во декември 1946, ја открил нуклеарната магнетна резонанција (НМР) со неговите колеги Роберт Паунд и Хенри Тореј. НМР им овозможува на научниците елегантен и прецизен начин за одредување на хемиската градба и својства на материјалите и е широко користена во физиката и хемијата. Исто така е основа на магнетната резонанца (МРИ), едно од основните медицински напредоци во дваесеттиот век. За неговото пронаоѓање на НМР, Персел ја споделил Нобеловата награда за физика со Феликс Блох од Стенфордскиот универзитет.

Персел исто така имал придонес и во астрономијата како прв кој ги детектирал радио емисиите од неутрален галактички водород (познатата 21 cm линија како последица од хиперфината разделба), дозволувајќи ги првите погледи на спиралните краци на мерењата на 21cm линија што е важна техника во модерната астрономија. Тој исто така оставил плодотворен придонес во физиката за цврста агрегатна состојба, со проучување на спин-ехо релаксацијата, нуклеарна магнетна релаксација и негативната спинова температура (важно за развојот на ласерот). Со Норман Фостер Ремзи, бил првиот да го постави прашањето за ПП-симетријата на физичките честици.

Персел бил добитник на многу награда за неговата научна, едукативна и граѓанска работа. Работел како научен советник на претседателите Двајт Д. Ајзенхауер, Џон Ф. Кенеди и Линдон Џонсон. Тој бил претседател на Американското друштво на физичари и член на Американското филозофско друштво, Националната академија за науки во САД и Академијата за уметност и науки во САД. Бил награден со Национален медал за наука во 1979 и бил примен во домот на славните во неговото братство Фи Капа Сигма како прв Фи Кап кој ја освоил Нобеловата награда.

Персел бил автор на иновативниот воведен текст Електрицитет и магнетизам. Книгата "Sputnik-era", проект основан од "NSF", била влијателна за употреба на релативитет во презентирање на предметот на ова ниво. Изданието од 1965, сега достапно поради услов од федералниот грант, било оригинално објавено како том на Беркли курс по физика. Половина век подоцна, книгата е исто така печатена во комерцијално трето издание, како Персел и Морин. Персел исто така е паметен од биолози за неговите славни предавања "Life at Low Reynolds Number" („Живот по низок Рејнолдсов број“), во кои го објаснил принципот познат како скалопова теорема.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „E. M. Purcell - Biography“. The Nobel Prize in Physics 1952 Felix Bloch, E. M. Purcell. The Nobel Foundation. 1952. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1952/purcell.html. посет. 22 мај 2012 г. 
  2. Greek101.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: