Роџер Пенроуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роџер Пенроуз
Roger Penrose at Festival della Scienza Oct 29 2011.jpg
Пенроуз во 2011 година
Роден8 август 1931 (1931-08-08) (90 г.)
Колчестер, Англија
ПолињаМатематичка физика, tessellations
Установи
Теза„Тензорски метод во алгебраска геометрија T“ (1958)
Докторски менторЏон А. Тод
Други менториВ. В. Д. Џоџ
Докторанди
Познат по
Влијаел врз
Поважни награди
СопружникЏоан Изабел Ведџ (в. 1959)
Ванеса Томас
Деца4

Роџер Пенроуз (англиски: Roger Penrose; 8 август 1931) — британски математичар, математички физичар, филозоф на науката и нобеловец по физика.[1] Тој е професор по математика „Роуз Бол“ во пензија на Оксфордскиот универзитет, предавач на колеџот „Вадам“ во Оксфорд и почесен соработник на колеџот „Сент Џон“, Кембриџ и Лондонскиот универзитетски колеџ.[2]

Пенроуз дал придонес во математичката физика на општата релативност и космологијата . Добитник е на повеќе награди и признанија, вклучувајќи ја и Волфовата наградата за физика во 1988 година, која ја споделил со Стивен Хокинг за Пенроуз-Хокинговите теореми за сингуларноста,[3] и една половина од Нобеловата награда за физика во 2020 година за „откривањето дека всушност создавањето на црните дупки е робусно предвидување на општата теорија на релативност“.[4][5] [б 1]

Младост[уреди | уреди извор]

Роден е во Колчестер, Есекс, Роџер Пенроуз е син на Маргарет (Литс) и психијатарот и генетичар Лајонел Пенроуз.[б 2] Негова баба и дедо од татко биле Џ. Дојл Пенроус, уметник од Ирска и „Почесната“. Елизабет Џозефин Пековер; и неговата баба и дедо по мајка биле физиологот Џон Бересфорд Литс и неговата сопруга Соња Мари Натансон,[6][7] Еврејка по потекло од Русија која го напуштила Санкт Петербург кон крајот на 1880-тите.[6] Негов чичко бил уметникот Роланд Пенроуз, кој со сопругата форограф Ли Милер го имаат синот Антони Пенроуз.[8][9] Пенроуз е брат на физичарот Оливер Пенроуз, генетичарката Ширли Хоџсон и шаховскиот велемајстор Џонатан Пенроуз.[10][11]

Пенроуз Втората светска војна ја поминува во Канада каде неговиот татко работел во Лондон, Онтарио.[12] Пенроуз се образувал на Универзитетскиот колеџ и Лондонскиот универзитетски колеџ, каде што дипломирал во првата класа за математика.[10]

Истражување[уреди | уреди извор]

Во 1955 година, додека бил студент, Пенроуз повторно ја воведува општата инверзна матрица на Е. Х. Мур, позната и како Мур–Пенроузова инверзна матрица,[13] откако истата била повторно употребувана од страна на Арне Бјерхамар во 1951 година.[14] Бидејќи своето истражување го започнал под менторство на професорот по геометрија и астрономија, Сер В. В. Д. Хоџ, Пенроуз својот докторат го стекнал на Колеџот „Сент Џон“ Кембриџ, во 1958 година, со трудот „тензорски методи во алгебарска геометрија“ под менторство на алгебристот и геометричар Џ. А. Тод.[15] Тој развил и го популаризирал Пенроузовиот триаголник во 1950-ите, опишувајќи го како „невозможност во најчист облик“, и разменувал материјали со уметникот М. К. Ешер, чии претстави за невозможни тела му биле поттик во работата.[16][17] Ешеровите дела Водопад, и Искачување и симнување пак биле поттикнати од работата на Пенроуз.[18]

Како што авторот Манџит Кумар го опишува:

Како студент во 1954 година, Пенроуз бил учесник на конференција во Амстердам каде случајно наидува на изложба на Ешерови дела. Веднаш потоа се обидува да осмисли невозможни фигури и го осмислува трилиниец – триаголники кој наликува на вистинско, цврсто тродимензионално тело, но не е. Заедно со неговиот татко, физичар и математичар, Пенроуз ги осмислува скалилата кои едновремено водат и нагоре и надоле. По што следела статија и била испратена копија до Ешер. Се образувал цикличен тек на креативност, Холандскиот врвен геометриски илузионист бил поттикнат да ги создаде своите две врвни уметнички дела.[19]

Пенроуз академската 1956-57 година ја поминува како асистент предавач на Лондонскиот колеџ Бедфорд и подоцна продолжува како истражувач на Кембричкиот Кембрички колеџ „Сент Џон“. Додека работел тау во текот на 3 години, во 1959 година се оженил со Џоан Изабел Веџ. Пред да му завршат обврските Пенроуз е добитник на истражувачка стипендија од НАТО за периодот 1959–61 година, првично за Принстон а подоцна за Сиракузискиот универзитет. По враќањето работи на Лондонскиот универзитет, каде Пенроуз останува две години, 1961–63 година, како истражувач на Лондонскиот кралски колеџ, по што повторно се враќа во САД каде поминува година 1963–64 година како посетител помошник професор на тѕексашкиот универзитет во Остин.[20] Подоцна исто така бил и професор на универзитетите Јешива, Принстон и Корнел во периодите 1966-67 година и 1969 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. The other half was awarded jointly to Reinhard Genzel and Andrea Ghez for their work on black holes.
  2. Penrose and his father shared mathematical concepts with Dutch graphic artist M. C. Escher which were incorporated into a lot of pieces, including Waterfall, which is based on the 'Penrose triangle', and Up and Down.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Roger Penrose | Biography, Books, Awards, & Facts“.
  2. „Oxford Mathematician Roger Penrose jointly wins the Nobel Prize in Physics | University of Oxford“. www.ox.ac.uk (англиски). Посетено на 7 October 2020.
  3. Siegel, Matthew (8 January 2008). „Wolf Foundation Honors Hawking and Penrose for Work in Relativity“. Physics Today (англиски). 42 (1): 97–98. doi:10.1063/1.2810893. ISSN 0031-9228.
  4. „The Nobel Prize in Physics 2020“. NobelPrize.org (англиски). Посетено на 6 October 2020.
  5. Overbye, Dennis; Taylor, Derrick Bryson (6 October 2020). „Nobel Prize in Physics Awarded to 3 Scientists for Work on Black Holes – The prize was awarded half to Roger Penrose for showing how black holes could form and half to Reinhard Genzel and Andrea Ghez for discovering a supermassive object at the Milky Way's center“. The New York Times. Посетено на 6 October 2020.
  6. 6,0 6,1 Brookfield, Tarah (2018). Our Voices Must Be Heard: Women and the Vote in Ontario (англиски). UBC Press. ISBN 978-0-7748-6022-2.
  7. Rudolph Peters (1958). „John Beresford Leathes. 1864–1956“. Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society. 4: 185–191. doi:10.1098/rsbm.1958.0016.
  8. Hall, Chris (19 March 2016). „Lee Miller, the mother I never knew“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 7 October 2020.
  9. „Illustrated Mathematics“. Farleys House and Gallery (англиски). Архивирано од изворникот на 11 October 2020. Посетено на 7 October 2020.
  10. 10,0 10,1 „Roger Penrose – Biography“. Maths History (англиски). Посетено на 7 October 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Roger Penrose - Biography“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  11. AP and TOI staff. „Scientist of Jewish heritage among trio to win Nobel prize for black hole finds“. www.timesofisrael.com (англиски). Посетено на 7 October 2020.
  12. Ogilvie, Megan (23 March 2009). „Just Visiting: Sir Roger Penrose“. Toronto Star. Посетено на 9 October 2020.
  13. Penrose, R. (1955). „A generalized inverse for matrices“. Mathematical Proceedings of the Cambridge Philosophical Society. 51 (3): 406–413. Bibcode:1955PCPS...51..406P. doi:10.1017/S0305004100030401.
  14. Zheng, Wenjie. „The 100th anniversary of Moore-Penrose inverse and its role in statistics and machine learning“. www.zhengwenjie.net. Посетено на 7 October 2020.
  15. „Roger Penrose wins 2020 Nobel Prize in Physics for discovery about black holes“. University of Cambridge (англиски). 6 October 2020. Посетено на 7 October 2020.
  16. Welch, Chris (23 March 2012). 'Frustro' typeface applies the Penrose impossible triangle concept to words“. The Verge (англиски). Посетено на 7 October 2020.
  17. Baggini, Julian (2012). Philosophy: All That Matters (англиски). John Murray Press. ISBN 978-1-4441-5585-3.
  18. „Ascending and Descending by M.C. Escher – Facts about the Painting“. Totally History (англиски). 21 May 2013. Посетено на 7 October 2020.
  19. Kumar, Manjit (15 October 2010). „Cycles of Time: An Extraordinary New View of the Universe by Roger Penrose – review“. The Guardian.
  20. „Professor Sir Roger Penrose awarded the 2020 Nobel Prize in Physics“. King's College London (англиски). Посетено на 7 October 2020.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Ferguson, Kitty (1991). Stephen Hawking: Quest for a Theory of Everything. Franklin Watts. ISBN 0-553-29895-X.
  • Misner, Charles; Thorne, Kip S.; Wheeler, John Archibald (1973). Gravitation. San Francisco: W. H. Freeman. ISBN 978-0-7167-0344-0. (See Box 34.2.)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: