Карл Дејвид Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карл Дејвид Андерсон
Carl Anderson.jpg
Роден септември 3, 1905(1905-09-03)
Њујорк, САД
Починал јануари 11, 1991(1991-01-11) (воз. 85 г.)
Сан Марино, Калифорнија, САД
Националност САД Американец
Полиња Физика
Установи Калифорниски институт за технологија
Образование Калифорниски институт за технологија
Значајни студенти Доналд Глазер
Сет Недермаер
Познат по Откривањето на позитронот
Откривањето на мионот
Поважни награди Нобелова награда за физика (1936)
Елиот Кресонов медал (1937)

Карл Дејвид Андерсон (англиски: Carl David Anderson 3 септември 190511 јануари 1991) бил американски физичар. Тој е најпознат по неговото откривање на позитронот во 1932, достугнување за кое бил награден со Нобеловата награда за физика во 1936, а исто така и за мионот во 1936.

Биографија[уреди | уреди извор]

Андерсон се родил во Њујорк, како син на шведски имигранти. Тој студирал физика и инженерство во Калтех (каде дипломирал во 1927, а докторирал во 1930). Под надзор на Роберт Миликан, тој почнал да истражува за космичкото зрачење за време на курсот во кој наишол на неочекувани траги од честички во неговите фотографии од маглена комора која точно ја интерпретирал дека е создадена од честичка со иста маса како електронот, но со спротивен електричен полнеж. Ова откритие, објавено во 1932 и подоцна потврдено од други, го потврдило теоретското предвидување на Пол Дирак за постоењето на позитронот. Андерсон прв ги открил честичките во космичкото зрачење. Подоцна тој создал поубедлив доказ со тоа што сликал гама зраци создадени од природен радиоактивен нуклид ThC'' (208Tl)[1] во други материјали, резултирајќи со создавање на позитрон-електронски парови. За оваа работа, Андерсон ја поделил Нобеловата награда за физика во 1936 со Виктор Франц Хес.[2]

Исто така во 1936, Андерсон и неговиот прв дипломиран студент, Сет Недермаер, го откриле мионот, субатомска честичка 207 пати поголема од електронот, но со ист негативен електричен полнеж и спин 1/2 како електронот, повторно во космичкото зрачење. Андерсон и Недермаер најпрво сметале дека го виделе пионот, честичка која Хидеки Јукава ја постулирал во неговата теорија за силно заемнодејство. Кога станало јасно дека тоа што Андерсон го видел „не“ е пионот, физичарот Исидор Ајзек Раби, збунет од тоа како неочекуваното откритие може да биде дел од било која логична шема на честичната физика, гледајќи прашал „Кој го нарача ’тоа‘?“ Мионот бил прв на долгиот список на субатомски честички чие откритие најпрво ги збунило теоретичарите кои неможеле да ја сместат конфузната „зоолошка“ во некоја средена концептуална шема. Вилис Лем, на неговото Нобелово предавање во 1955, се пошегувал дека слушнал „пронаоѓачот на новата елементарна честичка е награден со Нобелова награда, но таквото откритие сега се казнува со 10.000 долари казна“.[3]

Андерсон ја поминал цела своја академска и истражна кариера во Калтех. За време на Втората светска војна, тој спровел истражување во тамошната ракетарија. Бил избран за член на Американската академија на уметностите и науките во 1950.[4] Тој починал на 11 јануари 1991, а неговите смртни поставки биле погребани на гробиштата „Холивуд хилс“ во Лос Анџелес, Калифорнија. Неговата жена, Лорен, починала во 1984.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: