Карло Рубија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Доживотен сенатор
на Италија

Карло Рубија
Carlo Rubbia 2012.jpg
Карло Рубија на состанокот на добитнивите на Нобелова награда во Линдау во 2012 година
Роден 31 март 1934 (1934-03-31) (воз. 83 г.)
Горица, Италија
Националност Италијанец
Полиња Физика
Образование Нормална виша школа во Пиза
Колумбиски универзитет
Познат по Откривање на W и Z бозоните
Поважни награди Нобелова награда за физика (1984)
Дираков медал (1989)

Carlo Rubbia (италијански: Carlo Rubbia 31 март 1934) — италијански честичен физичар и пронаоѓач кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1984 година со Симон ван дер Мер За работата која довела до откривањето на W и Z бозоните во CERN.[1][2][3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Рубија учел физика на универзитетот во Пиза и Нормалната школа во Пиза. Тој дипломирал на експериментите со космички зраци во 1957 година со Марчело Конверси. Подоцна заминал во САД, каде поминал една и половина година на Колумбискиот универзитет извршувајќи експерименти на распадот и нуклеарното зафаќање на мионите. Ова бил првиот од долгата низа на експерименти кои Рубија ги извршил во полето на слабото заемодејство кои довеле до неговата наградена со Нобелова награда работа во CERN. Тој својот докторат го стекнал во 1959 година во Колумбискиот универзитет.[4]

Во 1960 се вратил назад во Европа, привлечен од новоформирниот CERN, каде работел на експерименти поврзани со структурата на слабото заемодејство. CERN штотуку го имал вклучено во употреба новиот забрзувач, Пресечните складишни прстени, користејки спротивно вртежно движечки зраци од протони кои се судирале еден со друг. Рубија и неговите соработници извршувале експерименти, поврзани со проучувањето на слабото заемодејство. Главните резултати во ова поле биле нбљудувањата на структурата при еластичниот расејувачи процес и првото забележување на волшебен бариони. Овие експерименти биле значајни за усовршување на потребните техники за подоцнежното откривање на повеќето егзотични честички во останатите видови на судирачи на честички.

Во декември 1984 година, Рубија бил номиниран да добие Орден за заслуга на Италијанската Република.[5]

На 30 авуст 2013 година, Рубија бил назначен во италијанскиот сенат за доживотен сенатор од страна на претседателот Џорџио Наполитано.[6]

Кариера во експерименталната физика[уреди | уреди извор]

Во 1976 година, тој предложил да се приспособи CERN-овиот суперпротонски синхотрон (SPS) да судира протони со антипротони во истиот прстен и за оваа потреба е изградена првата антипротонска фабрика за добивање на антипротони. Судирачот започнал со работа во 1981 година, и во почетокот на 1983 година, меѓународна екипа составена од над 100 физичари раководена од Рубија и позната под името Соработка UA1, ги открила посредничките вектрски бозони, т.е. W и Z бозоните, кои станале основа на современите теории за честичната физика долго време пред да се изврши ова набљудување. За нив се верува дека се носители на слабото заемодејство која пак го предизвикува радиоактивниот распад во атомското јадро и го контролира согорувањето во центарот на Сонцето, на ист начин како што фотоните, безмасени честички на светлината, се носители на електромагнетната сила која е причина за повеќето биохемиски реакции. Исто така се верува дека слбата сила има важна улога во нуклеосинтезата на елементите, како во космологијата така и при Големата експлозија. Овие честички имаат маса скоро 100 пати поголема од онаа на протонот. Во 1984 Карло Рубија и Симон ван дер Мер биле наградени со Нобелова награда за физика „за нивните одлучувачки придонеси во големиот проект, кој довел со откривањето на честичките на полето W и Z, носители на слабото заемодејство“

За да добие доволно високи енерги за создавањето на овие честички, Рубија, заедно со Дејвид Клајн и Питер Мекинтајер, предложиле радикален нов забрзувач на честички. Тие предложиле да се користи зрак на протони и зрак на антипротони, нивните антиматериски близнаци, кои кружно би се движеле во вакуумските цевки на забрзувачот при што на крајот истите би се судриле челно. Како резултат, научниците морале да развијат бројни техники за создавање и одржување ба овие силни зраци на антипротони.

Покрај набљудувањето ан посредничките векторски мезони, CERN-овиот протонско-антипротонски судирач доминирал на сцената на високоенергетската физика од 1981 година па се до неговото затварање во 2002 година, кога Теватрон во Фермилаб ја презел оваа улога. Добиена е нова феноменологија на високоенергетскитњ судири, во кои доминираат силно заемодејствувачките појави со размената на квантите на силната сила, глуоните, честички кои се слични со носителите на векторските бозони, сепак, lкако и фотоните, тие се без маса. Спротивно на ова, W и Z честичките се меѓу најтешките честички кои досега се добиени во забрзувачите на честичките.

Заедно, овие откритија обезбедиле силен доказ дека теоретските физичари се на правата патека во нивните напори да ја опишат прирпдата и нејзиното најосновно ниво преку т.н. „стандарден модел“. Податоците од посредничките векторски бозони ги потврдуваат предвидувањата вклучени во „електрослабата“ теорија, за која во 1979 година беа наградени со Нобелова награда за физика Стивен Вајнберг, Шелдон Ли Глешоу и Абдус Салам. „Електрослабата“ теорија се обидува да ги обедини двете од четирите сили во природата слабатаи електромагнатната сила во истиот збир на равенки. Ја обезбедува основата на долго опстојувачкиот сон на теоретските физичари за „обединета теорија на полето“, која би ги вклучувала силната сила која го сврзува јадрото и накрај, гравитацијата.

Во 1970 година Рубија бил назначен за Хигинсов професор за физика на Харвард, каде минувал по еден семестар годишно во наредните 18 години, додека во CERN ги продолжувал своите истражувачки активности. Во 1989, бил назначен за генерален директор на лабораторијата CERN. За време на неговиот мандат, во 1993 година, „CERN се согласува на секого да му дозволи да го користи мрежниот протокол и код бесплатно ... без никакви привилегии или други ограничувања“[7]

Рубија е еден од водачите на соработката длабоко во лабораторијата „Гран Сасо“, осмислена да го забележува секој знак за распаѓање на протонот. Експериментот е со намена да го побие традиционалното гледиште дека материјата е стабилна. Најприфатената верзија на теоријата на сè предвидува дека протоните не траат вечно, туку постепено се распаѓаат во енергија во просечен временски период од 1032 години. Истиот експеримент, познат како ICARUS кој се заснова на нова техника на електронско забележување на јонизирачките настани во ултрачистиот течен аргон, има за цел дариектно да ги забележи неутрината оддадени од Сонцето, првиот едноставен телекоп за забечежување на неутринските сигнали од космичка природа.

Рубија понатамошно предложил концепт за енергетски засилувач, новина и безбеден начин за добивање на нуклеарна енергија со користење на денешните забрзувачи нивната технологија, која активно се проучува ширум светот за цел да се уништи високактивниот отпад од нуклераните реактори, и да се добие ебнергија од природниот ториум и осиромашениот ураниум. Во 2013 година тој предложи изградба на повеќе мали ториумови централи.[8]

Тој има вкупно 27 почесни дипломи.

Моментални активности[уреди | уреди извор]

Истражувањата на Рубија се концентрирани на проблемот на недостатокот на енергија во иднината, со особен фокус на развојот на нови технологии за обновливи извори на енергија. За време на неговиот мандат како претседател на ENEA (1999–2005) тој промовирал нов метод за концентрирање на сончевата моќ при високи температури за производство на енергија, познат под името Архимедов проект, кој се развива од индустријата за комерцијална употреба.

Карло Рубија бил научен советника на CIEMAT (Шпанија), член на Надгледната група за климатски промени составена од страна на претседателот на европската комисија Баросо во 2007 година како и член на одборот на довеители на енергеткиот институт IMDEA. Во 2009 - 2010 тој бил специјален советни за енергија на генералниот секретар на ECLAC, економската комисија за Латинска Америка при Обединетите нации, со седиште во Сантијаго (Чиле). Во јуни 2010 година Рубија бил назначен за научен директор на Институтот за напредни одржливи студии во Потсдам (Германија).

Астероидот 8398 Рубија е именуван во негова чест.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Darriulat, Pierre. The W and Z particles: a personal recollection. „CERN Courier“ том  44 (3): 13–16. https://cds.cern.ch/record/1733604. 
  2. CERN honoursCarlo Rubbia as he turns 75. „CERN Courier“ том  49 (5): 27. јуни 2009 г. https://cds.cern.ch/record/1734391. 
  3. Catapano, Paola (септември 2014 г). Carlo Rubbia: a passion for physics and a craving for new ideas. „CERN Courier“. http://cerncourier.com/cws/article/cern/58540. 
  4. Scientific Director - Prof. Dr. Dr. h.c. mult. Carlo Rubbia
  5. Di Laura Laurenzi (19 декември 1984). „Pertini Festeggia Rubbia - La Repubblica“ (на it). Ricerca.repubblica.it. http://ricerca.repubblica.it/repubblica/archivio/repubblica/1984/12/19/pertini-festeggia-rubbia.html. конс. 6 септември 2013 г. 
  6. http://www.quirinale.it/elementi/Continua.aspx?tipo=Notizia&key=38099
  7. Berners-Lee, T., Fischetti, M., & Foreword By-Dertouzos, M. L. (2000). Weaving the Web: The original design and ultimate destiny of the World Wide Web by its inventor. HarperInformation.
  8. Boyle, Rebecca (30 август 2010). „Development of Tiny Thorium Reactors Could Wean the World Off Oil In Just Five Years | Popular Science“. Popsci.com. http://www.popsci.com/technology/article/2010-08/thorium-reactors-could-wean-world-oil-just-five-years. конс. 6 септември 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]