Волшебен кварк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Волшебен кварк
Составелементарна честичка
Статистикафермионска
Поколениевторо
Заемодејствасилно, слабо, електромагнетизам, гравитација
Симбол
c
Античестичкаволшебен антикварк (
c
)
ПредвиденнаШелдон Глешоу,
Јоанис Илиопулос,
Лучано Мајани (1970)
ОткриенаBurton Richter et al. (SLAC)
(1974)
Семјуел Тинг и др. (BNL)
(1974)
МасаError in {{val}}: first argument is not a valid number or requires too much precision to display.[1]
Се распаѓа начуден кварк (~95%), долен кварк (~5%)[2][3]
Ел. полнеж+23 e
Боен полнежда
Спин12
Слаб изоспинЛ: +12, Д: 0
Слаб хиперполнежЛ: +13, Д: +43

Волшебен кварк или c-кварк (симб. c, од анг. charm) — вид елементарна честичка, трета по масивност меѓу кварковите. Се среќаваат во хадроните, кои се субатомски честички сочинети од кваркови. Примери за хадрони со волшебни кваркови се J/ψ-мезонот (
J/ψ
), D-мезонот (
D
), оволшебениот сигма-барион (
Σ
c
) и други оволшебени честички.

Заедно со чудниот кварк припаѓаат на второто поколение на материјата, има електричен полнеж од +23 e и гола маса од Error in {{val}}: first argument is not a valid number or requires too much precision to display..[1] Како и сите кваркови, долниот кварк е елементарен фермион со спин од 12, и подлежи на сите четири основни заемодејства: гравитацијата, електромагнетизмот, слабото и силното заемодејство. Античестичка на волшебниот кварк е волшебниот актикварк, кој се разликува од него само по тоа што неговите својства имаат еднаква величина, но спротивен знак.

Постоењето на четврт кварк е предложено околу 1964 г. од неколку научници (на пр. Џејмс Бјоркен и Шелдон Глешоу[4]), but its prediction is usually credited to Шелдон Глешоу, Јоанис Илиопулос и Лучано Мајани во 1970 г.[5] Првата позната оволшебена честичка (честичка што содржи волшебен кварк) е J/ψ-мезонот, откриен Стенфордскиот линеарнозабрзувачки центар (SLAC) под водство на Бартон Рихтер,[6] и уште еден откриен во Брукхејвенската национална лабораторија (BNL) под водство на Семјуел Тинг.[7]

Откривањето на
J/ψ
(а со тоа, на волшебниот кварк) довело до силен пробив, кога се направени многу откритија во честичната физика. Ова се нарекува „Ноемвриска револуција“.

Хадрони со волшебни кваркови[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Список на бариони“ и „список на мезони.

Некои хадрони што содржат волшебни кваркови се:

  • D-мезон — содржи волшебен кварк (или неговата античестичка) и еден горен или долен кварк.

  • D
    s
    -мезон — содржи еден волшебен и еден чуден кварк.
  • постојат многу состојби на чармониумот, како на пр.
    J/ψ
    -честичката. Овие се состојат од еден волшебен кварк и неговата античестичка.
  • оволшебени бариони have been observed, and are named in analogy with strange baryons (e.g.
    Λ+
    c
    ).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 K. Nakamura (Particle Data Group) и др. (2011). „PDGLive Particle Summary 'Quarks (u, d, s, c, b, t, b′, t′, Free)' (PDF). Particle Data Group. конс. 2011-08-08. 
  2. R. Nave. „Transformation of Quark Flavors by the Weak Interaction“. конс. 2010-12-06. The c quark has about 5% probability of decaying into a d quark instead of an s quark. 
  3. K. Nakamura et al. (Particle Data Group). Review of Particles Physics: The CKM Quark-Mixing Matrix. „Journal of Physics G“ том  37 (75021): 150. http://pdg.lbl.gov/2010/reviews/rpp2010-rev-ckm-matrix.pdf. 
  4. B.J. Bjorken, S.L. Glashow; Glashow. Elementary particles and SU(4). „Physics Letters“ том  11 (3): 255–257. doi:10.1016/0031-9163(64)90433-0. Bibcode1964PhL....11..255B. 
  5. S.L. Glashow, J. Iliopoulos, L. Maiani; Iliopoulos; Maiani. Weak Interactions with Lepton–Hadron Symmetry. „Physical Review D“ том  2 (7): 1285–1292. doi:10.1103/PhysRevD.2.1285. Bibcode1970PhRvD...2.1285G. 
  6. J.-E. Augustin. Discovery of a Narrow Resonance in e+e Annihilation. „Physical Review Letters“ том  33 (23): 1406. doi:10.1103/PhysRevLett.33.1406. Bibcode1974PhRvL..33.1406A. 
  7. J.J. Aubert. Experimental Observation of a Heavy Particle J'. „Physical Review Letters“ том  33 (23): 1404. doi:10.1103/PhysRevLett.33.1404. Bibcode1974PhRvL..33.1404A. 

Литература[уреди | уреди извор]

  • A. Pickering (1984). Constructing Quarks. University of Chicago Press. стр. 114–125. ISBN 0-226-66799-5. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • R. Nave. „Quarks“. HyperPhysics. Georgia State University, Department of Physics and Astronomy.