Мајорон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајорон
СоставЕлементарна честичка
СтатистикаБозонска
СтатусХипотетичка
СимболJ
ПредвиденнаИ. Чикшиге, Р. Мохапатра и Р. Печеи
Масанепозната
Ел. полнеж0 e
Спин0[1]

Во честична физика, мајорони (именувани по Еторе Мајорана) се хипотетички тип на Голдстонови бозони за кои се претпоставува дека се посредници во неутринското масено нарушување на лептонскиот број или BL при одредени високоенергетски судири како што се:


e
 +
e
 →
W
 +
W
 + J

Каде два електрони се судираат, за да се создадат W-бозони и со мајоранот J. Се претпоставува дека U(1)B–L симетријата е целосна за да опстои мајоронот односно да не биде проголтан од страна на баждарниот бозон и спонтано да се распадне. Мајороните првично биле формулирани во четири димензии од Ј. Чикашиге, Р. Мохапатра и Р. Печеи за да се разберат неутринските маси со помош на механизмот на сеење и да се бараат во процесот на безнеутрискиот двоен бета-распад. Постојат теоретски проширувања на оваа идеја во суперсиметрички теории и теории кои вклучуваат крајно сложени димензии. Со движење низ дополнителнипросторни димензии детектираниот број на настани на создавање на мајороните соодветно се менува. Математички, мајороните можат да се моделираат со тоа што ќе им се дозоли да се движат низ материјал, додека сите други сили на стандардниот модел се фиксирани во орбиобразивна точка.

Потраги[уреди | уреди извор]

Експериментите кои ги проучуваат двојните бета-распади имаат поставено граници на распадните модови кои оддаваат мајорани.

НЕМО[2] има забележано бројни различни елементи. ЕКсО[3] и Камланд-Зен[4] ги имаат определено времетраењето на полуживотите за мајоронските распади кај ксенонот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lattanzi, M.. Decaying Majoron Dark Matter and Neutrino Masses. „AIP Conference Proceedings“ том  966 (1): 163–169. doi:10.1063/1.2836988. 
  2. Arnold, R.; Augier, C.; Baker, J. D.; Barabash, A. S.; Basharina-Freshville, A.; Blondel, S.; Blot, S.; Bongrand, M.; и др. (12 јуни 2014 г). Search for neutrinoless double-beta decay of with the NEMO-3 detector. „Physical Review D“ том  89 (11). doi:10.1103/PhysRevD.89.111101. Bibcode2014PhRvD..89k1101A. 
  3. Albert, J. B.; Auty, D. J.; Barbeau, P. S.; Beauchamp, E.; Beck, D.; Belov, V.; Benitez-Medina, C.; Breidenbach, M.; и др. (10 ноември 2014 г). Search for Majoron-emitting modes of double-beta decay of with EXO-200. „Physical Review D“ том  90 (9). doi:10.1103/PhysRevD.90.092004. Bibcode2014PhRvD..90i2004A. 
  4. Gando, A.; Gando, Y.; Hanakago, H.; Ikeda, H.; Inoue, K.; Kato, R.; Koga, M.; Matsuda, S.; и др. (6 август 2012 г). Limits on Majoron-emitting double- decays of Xe in the KamLAND-Zen experiment. „Physical Review C“ том  86 (2). doi:10.1103/PhysRevC.86.021601. Bibcode2012PhRvC..86b1601G. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]