Тахион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Alt text
Бидејќи тахионот секогаш би се движел побрзо од светлината, не би било возможно да се види кога се приближува. Откога тахионот поминал во близина, би можеле да видиме две слики од него, како се појавува и исчезнува во обратни правци. Црната линија е шок-бранот на Шеренкова радијација, покажана само во одреден момент од времето. Овој двоен ефект е најпроминентен за набљудувачот кој е лоциран директно во патот на објектот кој се движи побрзо од светлината (во овој пример во сферата, прикажана во сиво). Десната форма на рака е слика формирана од сина-доплер светлина која пристига кон набљудувачот, кој е лоциран на врвот од Черенковата линија, од сферата дури се доближува. Левата црвеникава во форма на рака е формирана од црвена светлина која ја напушта сферата откога ќе го одмине набљудувачот. Бидејќи објектот пристига пред светлината, набљудувачот не гледа ништо сè дури сферата не почне да го поминува набљудувачот, после што сликата-како-што-е-видена-од-набљудувачпт се дели на две, една од пристигнувачката сфера (од десно) и друга од напуштачката сфера (на лево).

Тахион /ˈtæki.ɒn/ или тахионска чистичка е хипотетичка честичка која секогаш се движи побрзо од светлината. Зборот доаѓа од грчки: ταχύ се изговоруваtachy /ˈtɑːxi/, и значи брзо. Бил измислен во 1967 од Џералд Фајнберг.[1] Комплементарните видови на честичката се нарекуваат луксон (секогаш се движат со брзината на светлината) и брадион (секогаш се движат побавно од светлината), кои и едните и другите постојат. Можноста за постоењето на честички кои се движат побрзо од светлината, за првпат е предложена од страна на О. П. М. Биланиук, В. К. Дешпанде, и E. В. Г. Сударшан во 1962 година, иако терминот кој го користеле за нив бил "мета-честичка".[2]

Повеќето физичари мислат дека честички кои се движат побрзо од светлината не може да постојат, бидејќи тие не се во согласност со познатите закони на физиката.[3][4] Ако такви честички постоеја, тие би можеле да бидат искористени за изградба на тахионски антителефон и да се испратат сигнали побрзи од светлината, со што (според специјалната релативност) би се довело до нарушување на каузалноста.[4] Постојните потенцијални теории кои дозволуваат можни честички побрзи од светлината ги вклучуваат и оние кои ја прекршуваат Лоренцовата непроменливост, симетријата кај специјалната релативност, така што брзината на светлината не е пречка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Feinberg, G. (1967 г). Possibility of Faster-Than-Light Particles. „Physical Review“ том  159 (5): 1089–1105. doi:10.1103/PhysRev.159.1089. Bibcode1967PhRv..159.1089F. 
  2. Bilaniuk, O.-M. P.; Deshpande, V. K.; Sudarshan, E. C. G. (1962 г). 'Meta' Relativity. „American Journal of Physics“ том  30 (10): 718. doi:10.1119/1.1941773. Bibcode1962AmJPh..30..718B. 
  3. Lisa Randall, Warped Passages: Unraveling the Mysteries of the Universe's Hidden Dimensions, p.286: "People initially thought of tachyons as particles traveling faster than the speed of light...But we now know that a tachyon indicates an instability in a theory that contains it. Regrettably, for science fiction fans, tachyons are not real physical particles that appear in nature."
  4. 4,0 4,1 Tipler, Paul A.; Llewellyn, Ralph A. (2008). Modern Physics (5th издание). New York: W.H. Freeman & Co.. стр. 54. ISBN 978-0-7167-7550-8. „... so existence of particles v > c ... Called tachyons ... would present relativity with serious ... problems of infinite creation energies and causality paradoxes.“ 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]