Прејди на содржината

Сјукуро Манабе

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сјукуро Манабе (роден на 21 септември 1931 година) — американски физичар, метеоролог и климатолог, пионер во употребата на компјутери за симулирање на глобалните климатски промени и природните климатски варијации. Добитник е на Нобеловата награда за физика за 2021 г. заедно со Клаус Хаселман и Џорџо Паризи за нивниот придонес во физичкото моделирање на Земјината клима, квантификацијата на нејзината варијабилност и предвидувањата за климатските промени.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Роден е на 21 септември 1931 година во префектурата Ехиме во Јапонското царство. И неговиот дедо и татко биле лекари кои ја воделе единствената амбуланта во селото.[2] Едан другар од одделението се присетува дека Манабе дури и во основното училиште бил заинтересован за времето изјавувајќи „Кога Јапонија би немала тајфуни не би имале толку дожд”.[2] Посетувал средно училиште во Мишима во префектурата Ехиме. Кога бил примен на Универзитетот во Токио неговото семејство очекивало да студира медицина, но тој изјавил „Кога и да има итен случај крвта ми удира во главата, така што не би бил добар лекар”[3] и „Имав ужасно памтење и бев неспретен со рацете. Мислев дека моја единствена добра особина е да гледам во небото и да се губам во своите мисли”.[4] Се придружил на истражувачкиот тим Шигекате Шоно (1911—1969) и студирал метеорологија.[4] Дипломирал во1953 година, магистрирал во 1955 и докторирал во 1958 на Универзитетот во Токио.[5] По студирањето заминал во Соединетите Американски Држави да работи на Оделението за истражување на општата циркулација на Американското метеоролошко биро, сега Лабораторија за геофизичка динамика на флуиди Национална океанска и атмосферска администрација до 1997 година. Од 1997 до 2001 година работел во Јапонија како директор на Оделението за истражување на глобалното затоплување. Во 2002 година се вратил во Соединетите Американски Држави како гостувачки истражувачки соработник на Програмата за атмосферски и океански науки на Универзитетот Принстон.[6] Бил ангажиран како специјален професор на Универзитетот Нагоја од декември 2007 до март 2014 година.[7] Во 2021 година му била доделена Нобелова награда за физика заедно со Клаусо Хаселман и Џорџо Паризи за физичко моделирање на климата на Земјата, квантификување на варијабилности и проверено предвидување на глобалното затоплување.[8] Шуџи Накамура, добитник на Нобеловата награда за физика во 2014 година, кој исто така дошол од префектурата Ехиме и емигрирал во Соединетите Американски Држави, му ја честитал на 6 октомври.[9]

Публикации

[уреди | уреди извор]
  • Manabe, Syukuro; Smagorinsky, Joseph; Strickler, Robert F. (1965). „Simulated climatology of a general circulation model with a hydrologic cycle“. Monthly Weather Review. American Meteorological Society. 93 (12): 769–798. Bibcode:1965MWRv...93..769M. doi:10.1175/1520-0493(1965)093<0769:scoagc>2.3.co;2. ISSN 0027-0644.
  • Manabe, Syukuro; Wetherald, Richard T. (1967). „Thermal Equilibrium of the Atmosphere with a Given Distribution of Relative Humidity“. Journal of the Atmospheric Sciences. American Meteorological Society. 24 (3): 241–259. Bibcode:1967JAtS...24..241M. doi:10.1175/1520-0469(1967)024<0241:teotaw>2.0.co;2. ISSN 0022-4928.
  • Manabe, Syukuro; Bryan, Kirk (1969). „Climate Calculations with a Combined Ocean-Atmosphere Model“. Journal of the Atmospheric Sciences. American Meteorological Society. 26 (4): 786–789. Bibcode:1969JAtS...26..786M. doi:10.1175/1520-0469(1969)026<0786:ccwaco>2.0.co;2. ISSN 0022-4928.
  • Manabe, Syukuro; Wetherald, Richard T. (1975). „The Effects of Doubling the CO2Concentration on the climate of a General Circulation Model“. Journal of the Atmospheric Sciences. American Meteorological Society. 32 (1): 3–15. Bibcode:1975JAtS...32....3M. doi:10.1175/1520-0469(1975)032<0003:teodtc>2.0.co;2. ISSN 0022-4928.
  • Stouffer, R. J.; Manabe, S.; Bryan, K. (1989). „Interhemispheric asymmetry in climate response to a gradual increase of atmospheric CO
    2
    “. Nature. Springer. 342 (6250): 660–662. Bibcode:1989Natur.342..660S. doi:10.1038/342660a0. ISSN 0028-0836.
  • Manabe, S.; Stouffer, R. J.; Spelman, M. J.; Bryan, K. (1991). „Transient Responses of a Coupled Ocean–Atmosphere Model to Gradual Changes of Atmospheric CO
    2
    . Part I. Annual Mean Response“. Journal of Climate. American Meteorological Society. 4 (8): 785–818. Bibcode:1991JCli....4..785M. doi:10.1175/1520-0442(1991)004<0785:troaco>2.0.co;2. ISSN 0894-8755.
  • Manabe, S.; Spelman, M. J.; Stouffer, R. J. (1992). „Transient Responses of a Coupled Ocean-Atmosphere Model to Gradual Changes of Atmospheric CO
    2
    . Part II: Seasonal Response“. Journal of Climate. American Meteorological Society. 5 (2): 105–126. Bibcode:1992JCli....5..105M. doi:10.1175/1520-0442(1992)005<0105:troaco>2.0.co;2. ISSN 0894-8755.
  • Manabe, Syukuro; Stouffer, Ronald J. (1995). „Simulation of abrupt climate change induced by freshwater input to the North Atlantic Ocean“. Nature. Springer. 378 (6553): 165–167. Bibcode:1995Natur.378..165M. doi:10.1038/378165a0. ISSN 0028-0836.
  • Manabe, Syukuro; Stouffer, Ronald J (2000). „Study of abrupt climate change by a coupled ocean–atmosphere model“ (PDF). Quaternary Science Reviews. Elsevier BV. 19 (1–5): 285–299. Bibcode:2000QSRv...19..285M. doi:10.1016/s0277-3791(99)00066-9. ISSN 0277-3791.
  • Manabe, Syukuro; Broccoli, Anthony J. (2020). Beyond global warming : how numerical models revealed the secrets of climate change. Princeton: Princeton University Press. ISBN 978-0-691-05886-3.
  1. „All Nobel Prizes in Physics“. NobelPrize.org (англиски). Посетено на 5 October 2021.
  2. 2,0 2,1 Nagata, Yutaka (October 5, 2021). „真鍋淑郎さんの地元・愛媛も喜び 小学校の同級生「夢みたい」“ [Syuro Manabe's hometown in Ehime rejoices, elementary school classmate says 'Feels like a dream']. Asahi Shinbun Digital (Japanese). Tokyo. Посетено на October 5, 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) Easier to access at [Yahoo mirror site https://news.yahoo.co.jp/articles/04e7a8f6d96a5694121d438ec1d19c86a3ec6eeb Архивирано на 8 октомври 2021 г.].
  3. „世界一スパコンを使う男」と呼ばれた真鍋さん 頭脳流出と話題に“ ['The man who uses the world's top supercomputer,' Manabe talks about the brain drain]. Asahi Shinbun Digital (Japanese). Japan. October 5, 2021. Посетено на October 7, 2021.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. 4,0 4,1 Oba, Ai (October 6, 2021). 'I never thought climate would become such a big problem': Japan-born Nobel Prize winner“. Mainichi. Tokyo. Посетено на October 7, 2021.
  5. „眞鍋淑郎先生が2021年ノーベル物理学賞を受賞されることになりました - 東京大学 大学院理学系研究科・理学部“. www.s.u-tokyo.ac.jp. Посетено на 2022-10-01.
  6. „Princeton's Syukuro Manabe receives Nobel Prize in physics“. Princeton University. 2021-10-05. Посетено на 2021-10-06.
  7. „真鍋 淑郎 元名古屋大学特別招へい教授が、2021年ノーベル物理学賞を受賞しました“. Nagoya University. 2021-10-06. Архивирано од изворникот на 20. 10. 2021. Посетено на 2021-10-06. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  8. „The Nobel Prize in Physics 2021“. NobelPrize.org. 5 October 2021. Посетено на 5 October 2021.
  9. Archived at Ghostarchive and the „ノーベル賞真鍋さんに、同郷中村さんお祝い“. YouTube. Архивирано од изворникот на 06. 10. 2021. Посетено на 01. 10. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help): „ノーベル賞真鍋さんに、同郷中村さんお祝い“. YouTube.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]