Абелова награда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абелова награда
Описизвонредна научна работа на полето на математиката
ДоделуваНорвешка академија на науките
Прво
доделување
2003
Мрежно местоabelprize.no


Абелова награда — меѓународна награда која секоја година ја доделува кралот на Норвешка на еден или повеќе истакнати математичари. Го носи името на норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел (1802–1829). Оваа награда се смета за „Нобелова награда за математика“[1][2][3][4][5][6] и се вбројува меѓу најпрестижните математички награди. Наградата е и парична, со износ од 684.000 евра (2009 г.).[7]

Добитниците секоја година ги прогласува Норвешката академија на науките откако изборот ќе го направи одбор од пет меѓународни математичари. На чело на одборот стои математичарот Кристијан Сејп. Паричниот износ на наградата е сличен на оној на Нобеловата награда. Наградата е воспоставена во 2001 година со почетен фонд од 200.000.000 круни (околу $24.000.000 долари) во 2001 г. Наградата се доделува во обид да се создаде публицитет и јавна свест за математиката, и со цел да се подигне угледот на математиката, особено кај младите.

Наградниот одбор го има основано и Абеловиот симпозиум, со кој раководи Норвешкото математичко друштво.

Историја[уреди | уреди извор]

Наградата за првпат била предложена како дел од прославата во на 100-годишнината од Абеловото раѓање во 1902 г.[8] Во 1899, накратко по неговата смрт, Софус Ли предложил да се формира Абелова награда откако дознал во 1897 дека Алфред Нобел не планирал да ја вклучи математиката во неговите награди. Шведскиот крал Оскар II се согласил да ја финансира математичката награда во име на Абел, па така матемаричарите Лудвиг Силов and Карл Стермер изработиле нацрт-статути и правила за предложената награда. Меѓутоа влијанието на Ли обледнело по неговата смрт, и распаѓањето на Шведско-Норвешката Унија во 1905 значело неуспех за првиот обид за формирање на Абеловата награда.

Во 2001, откако се родил обновен интерес за наградата, формирана е работна група за предлогот, а самиот предлог бил поднесен на разгледување кај премиерот на Норвешка во мај месец истата година. Во август 2001, владата на Норвешка најавила дека доделувањето на наградата ќе по чне од 2002 г., по повод двесте-годишнината од раѓањето на Абел. По извесни одложувања, првата награда е всушност доделена во 2003 г.

Во текот на првите седум години (2003–2009), три добитници на наградата (Лакс, Варадан и Громов) се математичари вработени или во соработка со Курантовиот институт за математички науки.

Добитници[уреди | уреди извор]

Година Добитник/ци Националност Причина
2003 Жан-Пјер Сер  Франција „за играње на клучна улога во обликувањето на денешната математика, вклучувајќи ја топологијата, алгебарската геометрија и теоријата на броевите
2004 Мајкл Атија
Изадор Зингер
 Обединето Кралство /  Либан
 САД
„за откривање и докажување на теорема за индексите, здружувајќи ја топологијата, геометријата и анализата, како и за нивната инзвонредна улога во градењето на мостови помеѓу математиката и теориската физика
2005 Питер Лакс  Унгарија /  САД „за неговите пионерски придонеси кон теоријата и примената на делумните диференцијални равенки и за пресметувањето на нивните решенија“
2006 Ленарт Карлесон  Шведска „за неговите темелни и знаменити придонеси кон хармоничната анализа и теоријата на мазните динамички системи
2007 Ш. Р. Шриниваса Варадан  Индија /  САД „за неговите темелни придонеси кон теоријата на веројатноста, а особено за создавање на унифицирана теорија на големите отстапувања
2008 Џон Г. Томпсон
Жак Титс
 САД;
 Белгија /  Франција
„за нивните темелни достигнувања во алгебрата, а особено за обликување на современата теорија на групите
2009 Михаил Громов  Русија /  Франција „за неговите револуционерни придонеси кон геометријата“
2010 Џон Тејт  САД „за неговото огромно и трајно влијание врз теоријата на броевите
2010 Џон Милнор  САД „за епохални откритија во топологијата, геометријата и алгебрата
2012 Ендре Семереди  Унгарија /  САД „за неговите суштински придонеси во дискретната математика и теориската информатика, и како признание за телемното и трајно влијание на овие придонеси врз адитивнатата теорија на броевите и ергодичната теорија[9]
2013 Пјер Делињ  Белгија „за епохални придонеси кон алгебарската геометрија и нивното влијание врз теоријата на броевите, теоријата на претставувањето и сродните полиња“[10]
2014 Јаков Синај  Русија /  САД „за неговите темелни придонеси кон динамичките системи, ергодичната теорија и математичката физика“[11]
2015 Џон Неш
Луис Ниренберг
 САД /  Канада „за впечатливите и темелни придонеси кон теоријата за нелинеарните парцијални диференцијални равенки и нејзината примена во геометриската анализа“[12]
2016 Ендру Вајлс  Обединето Кралство „за неговиот вчудовидувачки доказ на последнта Фермаова теорема преку претпоставката за модуларност за полустабилни елиптични криви, отворајќи ново поглавие во теоријата на броевите“[13][14]
2017 Ив Мејер  Франција „За негивата суштинска улога во разработката на математичката теорија за бранчињата.“[15]
2018 Роберт Ленглендс  Канада /  САД[16] „за неговата визионерска програма за поврзување на теоријата на претставувањето со теоријата на броевите.“[17]
2019 Карен Уленбек  САД[18] „за нејзините пионерски успеси во геометриските парцијални диференцијални равенки, баждарната теорија и интегративните системи, како и за темелното влијание на нејзината работа во анализата, геометријата и математичката физика.“[19][20]
2020 Хилел Фирстенберг
Григориј Маргулис
 Израел /  САД „за пионерска примена на методи од веројатноста и динамиката во теоријата на групите, теоријата на броевите и комбинаториката.“[21]
2021 Ласло Ловас
Ави Видгерзон
 Унгарија /  Израел „за нивните темелни придонеси кон теоретската информатика и дискретната математика, како и за предводништво во нивното обликување како стожерни полиња на современата математика“.[22]
2022 Денис Саливан  САД „за неговите пионерски придонеси кон топологијата во најширока смисла, а особено нејзините алгебарски, геометриски и динамични аспекти.“[23]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cipra, Barry (2009-03-26). „Руски математичар ја доби Абеловата награда“. Science. Архивирано од изворникот на 2009-03-29. Посетено на 2009-03-29.
  2. Геометар ја добива „Нобеловата награда“ за математика — nature.com, март 2009.
  3. Револуционерниот геометар Громов, „Нобел“ на математиката , Ел Паис, март 2009
  4. Руски математичар ја доби математичката верзија на Нобеловата награда, Scientific American (блог), март 2009.
  5. Доделена е Абеловата награда: Нобеловата награда за математичари, Keith Devlin, maa.org, April 2004.
  6. Громов брои три награди во Њујоршкиот универзитет, Њујорк Тајмс, 1 јуни 2009.
  7. „„Француско-рускиот математичар Громов ја доби Абеловата награда" AFP, 26 март 2009“. Архивирано од изворникот 2009-04-02. Посетено на 2009-04-02.
  8. Историја на Абеловата награда (англиски)
  9. „Добитник на Абеловата награда за 2012 г.“. Абелова награда - официјална страница. Архивирано од изворникот на 2018-09-17. Посетено на 21 март 2012. (англиски)
  10. „Добитник на Абеловата награда за 2013 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2013-05-17. Посетено на 20 јуни 2013. (англиски)
  11. „Добитник на Абеловата награда за 2014 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 26 март 2014.
  12. „Добитник на Абеловата награда за 2015 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2019-06-16. Посетено на 25 март 2015.
  13. „Добитник на Абеловата награда за 2016 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 15 март 2016.
  14. „Принстонски универзитет“. Принстонски универзитет. Посетено на 16 март 2016.
  15. „Добитник на Абеловата награда за 2017 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2017-05-26. Посетено на 21 март 2017.
  16. http://www.nasonline.org, National Academy of Sciences -. „Robert Langlands“. www.nasonline.org.
  17. „Добитник на Абеловата награда за 2018 г.“. Норвешка акдемија на науките и книжевноста. Архивирано од изворникот на 2018-07-20. Посетено на 20 март 2018.
  18. http://www.nasonline.org, National Academy of Sciences -. „Karen Uhlenbeck“. www.nasonline.org.
  19. „Karen Uhlenbeck first woman to win the Abel Prize“. The Norwegian Academy of Science and Letters. Архивирано од изворникот на 2019-05-24. Посетено на 19 март 2019.
  20. Chang, Kenneth (19 март 2019). „Karen Uhlenbeck Is First Woman to Receive Abel Prize in Mathematics - Dr. Uhlenbeck helped pioneer geometric analysis, developing techniques now commonly used by many mathematicians“. The New York Times. Посетено на 19 март 2019.
  21. „The Abel Prize Laureates 2020“. The Norwegian Academy of Science and Letters. Архивирано од изворникот на 18 март 2020. Посетено на 18 март 2020.
  22. Castelvecchi, Davide (2021). „Abel Prize celebrates union of mathematics and computer science“. Nature. doi:10.1038/d41586-021-00694-9. PMID 33731906 Проверете ја вредноста |pmid= (help). S2CID 232302960 Проверете ја вредноста |s2cid= (help). Архивирано од изворникот 5 May 2021. Посетено на 12 October 2021.
  23. „Prize winner 2022“. The Norwegian Academy of Science and Letters. Посетено на 23 март 2022.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]