Прејди на содржината

Филдсов медал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Филдсов медал
Мрежно местоhttps://mathunion.org/imu-awards/fields-medal Уреди на Википодатоците

Филдсов медал (анг. Fields Medal) — награда што се доделува на двајца, тројца или четворица математичари не постари од 40 години на Меѓународниот конгрес на Меѓународниот математички сојуз (IMU) на секои четири години. Наградата го носи името на канадскиот математичар Џон Чарлс Филдс кој го дал својот имот за финансирање на наградата[1]. Филдсовиот медал се смета за највисоката награда што може да ја добие еден математичар.[2][3] Паричната награда изнесува 15.000 канадски долари.[4][5] Првиот медал е доделен во 1936 г. на финскиот математичар Ларс Алфорс и американскиот математичар Џеси Даглас, а од 1950 почнала да се доделува на секои четири години. Целта на наградата е да се оддаде признание и пружи поддршка помладите математички истражувачи кои имаат важни придонеси во математиката.

Опачината на медалот

Филдсовиот медал се смета за „Нобелова награда за математика" заради нејзиниот престиж,[6] иако во секој друг поглед ова важи за поновата Абелова награда. За разлика од Нобеловата награда, Филсовиот медал се доделува на секои четири години наместо секоја година. Медалот има и старосна граница: кандидатите не смеат да имаат 40 години на 1 јануари од годината на доделување на медалот. Поради ова, многу големи математичари ја немаат добиено наградата, бидејќи најважните трудови ги правеле (или биле признаени предоцна во текот на животот. Оваа старосна граница се должи на Филдсовата желба

... иако е признание за нешто веќе сработено, наменета е да ги поттикне носителитее на понатамошни успеси и да им даде уште повеќе елан на останатите.

Паричната награда е многу пониска од онаа на Нобеловата награда (околу 1,5 милиони американски долари). Филдсовиот медал обично се доделува за една целина од трудови, а не за конкретен резултат. Добитниот се заблагодарува со говор пред публиката.

Друга поважна математичка награда е Абеловата награда, која се доделува за животно дело, а паричната награда е многу поголема. Филдсовиот медал пак, е престижен бидејќи изборот на носители го прави Меѓународниот математички сојуз, која ја претставува светската математичка заедница.

Лауреати

[уреди | уреди извор]
Година Зборно место на МКМ Носители[7]
1936Норвешка Осло, НорвешкаФинска Ларс Алфорс
САД Џеси Даглас
1950САД Кембриџ, САДФранција Лорент Шварц,
Норвешка Атле Селберг
1954Холандија Амстердам, ХоландијаЈапонија Кунихико Кодаира
Франција Жан-Пјер Сер
1958Обединето Кралство Единбург, БританијаОбединето Кралство Клаус Рот
Франција Рене Том
1962Шведска Стокхолм, ШведскаШведска Ларс Хермандер
САД Џон Милнор
1966СССР Москва, СССРОбединето Кралство Мајкл Атија
САД Пол Коен
Франција Александар Гротендик
САД Стивен Смејл
1970Франција Ница, ФранцијаОбединето Кралство Алан Бејкер
Јапонија Хејсуке Хиронака
СССР Сергеј Новиков
САД Џон Томпсон
1974Канада Ванкувер, КанадаИталија Енрико Бомбјери
САД Дејвид Мамфорд
1978Финска Хелсинки, ФинскаБелгија Пјер Делињ,
САД Чарлс Феферман
СССР Григориј Маргулис
САД Даниел Квилен
1982Полска Варшава, ПолскаФранција Ален Кон
САД Вилијам Тарстон
САД Шинг-Тунг Јау[8]
1986САД Беркли, САДОбединето Кралство Сајмон Доналдсон
Германија Герд Фалтингс
САД Мајкл Фридман
1990Јапонија Кјото, ЈапонијаСССР Владимир Дринфелд,
Нов Зеланд Вон Џонс
Јапонија Шигефуми Мори
САД Едвард Витен
1994Швајцарија Цирих, ШвајцаријаБелгија Жан Бурген
Франција Пјер-Луј Лион
Франција Жан-Кристоф Јокоз
Русија Ефим Зелманов
1998Германија Берлин, ГерманијаОбединето Кралство Ричард Борчердс
Обединето Кралство Тимоти Гауерс
Русија Максим Концевич
САД Кертис Мекмален
2002Кина Пекинг, КинаФранција Лорен Лафорг
Русија Владимир Воеводски
2006Шпанија Мадрид, ШпанијаРусија Андреј Окоунков
Русија Григориј Перелман (одбил)
Австралија Теренс Тао
Франција Венделин Вернер
2010Индија Хајдерабад, ИндијаИзраел Елон Линденштраус[9]
Виетнам-Франција Нго Бао Чау[10][11][12]
Русија Станислав Смирнов
Франција Седрик Вилани[13]
2014Јужна Кореја Сеул, Јужна КорејаБразил Артур Авила
Канада Манџул Баргава
Австрија Мартин Хајрер
Иран Марјам Мирзахани
2018Бразил Рио де Жанеиро, БразилОбединето Кралство Кочер Биркар
Австралија Акшај Венкатеш
Италија Алесио Фигали
Германија Петер Шолце
2022Финска Хелсинки, ФинскаФранција Иго Диминил-Копен
САД Џун Ха
Обединето Кралство Џејмс Мејнард
Украина Марина Вјазовска

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Fields Institute - the Fields Medal“.
  2. „Наградени со Филдсов медал за 2006 г.“ (PDF). Известувања на американското математичко друштво. Американско математичко друштво. 53 (9): 1037–1044. 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 2006-11-02. Посетено на 2010-10-28. (англиски)
  3. „Самотен руски математичар ја одби највисоката математичка почест“. CBC. 22 август 2006. Посетено на 26 август 2006. (англиски)
  4. Математички гениј ја одби највисоката награда“. BBC. 22 август 2006. Надворешна врска во |title= (help); |access-date= бара |url= (help) (англиски)
  5. Израелец доби „Нобелова“ награда за математика, JPost.com (англиски)
  6. Кенет Чанг (12 март 2007). „Патешествија во далечните „полиња" на простите броеви“. The New York Times. (англиски)
  7. „Список на носители на Филдсовиот медал“. Меѓународен математички сојуз (IMU). 8 мај 2008. Посетено на 25 март 2009. (англиски)
  8. „Шинг-Тунг Јау“. (англиски)
  9. „Израелец ја освои најпрестижната математичка награда во светот“. ynet. 19 август 2010. Посетено на 19 август 2010. (англиски)
  10. „Нго Бао Чау“. (англиски)
  11. „Меѓународен конгрес на математичарите“ (PDF). Математичко друштво на Франција. Посетено на 7 јули 2010. (француски)
  12. „Нго Бао Чау ја доби математичката награда Филдсов медал“. BBC. 19 август 2010. Посетено на 19 август 2010.
  13. Кипра, Бари (19 август 2010). „Доделени Филдсови медали и други врвни математички награди“. Science NOW. Посетено на 19 август 2010. (англиски)

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Monastyrsky, Michael (1998). Modern Mathematics in the Light of the Fields Medal. Wellesley, MA: A. K. Peters. ISBN 1568810830.
  • Tropp, Henry S. (1976). „The Origins and History of the Fields Medal“. Historia Mathematica. 3 (2): 167–181. doi:10.1016/0315-0860(76)90033-1..

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]