Марина Вјазовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марина Вјазовска
Maryna Vazovska MFO 2013 crop.jpg
Марина Вјазова, 2013
Роден1984 (воз. 34–35 г.)
ЖивеалиштеШвајцарија
ДржавјанствоУкраина
Полињаматематика
Установи
Образование
Теза„Modular Functions and Special Cycles“ (2013)
Докторски менторДон Цагир
Познат посферно пакување
Поважни наградинаграда „Салем“ (2016)
награда на математичниот институт „Клеј“ (2017)
Страница
math.hu-berlin.de/~viazovsm/

Марина Вјазовска[1] (украински: Марина В'язовська);[2] родена во 1984 година)[3] е украинска математичарка, позната по тоа што во 2016 година го решила проблемот на сферно пакување во димензијата 8[4][5][6] а во соработка со други научници, во димензијата 24.[7][8] Претходно овој проблем бил решен само за три или помалку димензии, а доказот за тродимензионалната верзија (Кеплерова претпоставка) барал исцрпни компјутерски калкулации. Наспроти ова, доказот на Вјазовска за димензиите 8 и 24 е „неверојатно едноставен”.[8]

Како студент на киевскиот национален универзитет „Тарас Григорович Шевченко“, Вјазовска се натпреварувала на интернационалниот математички натпревар за универзитетски студенти во 2002, 2003, 2004 и 2005 година и била меѓу првите во 2002 и 2005 година.[9] Дипломирала во 2010 година на Институтот за математика при Националната академија на науките на Украина,[2] а во 2013 година докторирала на Универзитетот во Бон. Нејзината докторска дисертација, Модуларни функции и специјални циклуси, се занимава со аналитичка теорија на броевите, а ментор ѝ бил Дон Цагир.[10]

Покрај тоа што е позната по својата работа на полето на сферното пакување, Вјазовска е позната и по своето истражување на сферните дизајни, што го вршела во соработка со Бондаренко и Радченко. Заедно со нив ја докажала претпоставката на Коревар и Мејерс за постоење на мали шари во произволните димензии. Овој резултат бил едан од придонесите за кои нејзиниот соработник Адриј Бондаренко ја освоил наградата „Васил А. Попов“, во 2013 година.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „List of participants – FM2009 Conference "Functional Methods in Approximation Theory and Operator Theory III, dedicated to the memory of V. K. Dzyadyk (1919–1998)". Institute of Mathematics of NAS of Ukraine. 2009. конс. 8 April 2016. 
  2. 2,0 2,1 „Вязовська М.С.“, Catalogues (Ukrainian) (Vernadsky National Library of Ukraine), конс. 2016-04-06 
  3. Maryna Viazovska (German), German National Library, конс. 2016-04-07 
  4. Knudson, Kevin (March 29, 2016), „Stacking Cannonballs In 8 Dimensions“, Forbes 
  5. Morgan, Frank (March 21, 2016), „Sphere Packing in Dimension 8“, The Huffington Post 
  6. Loos, Andreas (March 21, 2016), „So stapeln Mathematiker Melonen“, Die Zeit (German) 
  7. Grossman, Lisa (March 28, 2016), „New maths proof shows how to stack oranges in 24 dimensions“, Daily News, New Scientist 
  8. 8,0 8,1 Klarreich, Erica (March 30, 2016), „Sphere Packing Solved in Higher Dimensions“, Quanta Magazine 
  9. IMC official results: 2002, 2003, 2004, and 2005. Accessed 2016-04-07.
  10. Viazovska, Maryna (2013), Modular Functions and Special Cycles, Doctoral dissertation, University of Bonn 
  11. Popov Prize previous winners, University of South Carolina, Interdisciplinary Mathematics Institute, конс. 2016-04-02