Фарадеева константа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фарадеева константа, симбол Fконстанта во физиката и хемијата која ја претставува величината на електричен полнеж на мол електрони.[1] Името го добила по Мајкл Фарадеј, а нејзината прифатена вредност е:

F = 96 485,3383(83) C mol−1

Фарадеевата константа има прост однос со две други физички константи:

каде

e ≈ 1,60217662 ×10−19 кулони

NA ≈ 6,02214086 ×1023 mol−1

NA е Авогадрова константа (односот на бројот на честички, N, кој нема единица мерка, со количината супстанција, n, во молови), и e е елементарен полнеж или величина на полнежот на еден електрон.

Фарадеевата константа често се користи во електролизата. Количината полнеж во кулони може да се подели со Фарадеевата константа за да се најде количината (во молови) на елементот кој бил оксидиран.

Вредноста на F прво биле одредена со мерење на тежината на количината сребро наталожено при електрохемиска реакција при која биле мерени електричната струја која поминува, времето во кое поминува и користејќи ги Фарадеевите закон за електролиза.[2] Истражувањата продолжуваат за изнаоѓање на посигурни начини за определување на поврзаните константи F, NA и e.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Терминот „величина“ се користи во смисла на „апсолутна вредност“: полнежот на електрон е негативен, но „F“ е дефиниран да е позитивен.
  2. NIST Introduction to physical constants

Надворешни врски[уреди | уреди извор]