Прејди на содржината

Естонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Република Естонија)
Република Естонија
Eesti Vabariik  (естонски)
Знаме Грб
Химна

Местоположбата на  Естонија  (green) – на Европскиот континент  (светлозелено и сива) – во the Европска Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Естонија  (green)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сива)
– во the Европска Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Естонија  (green)

– на Европскиот континент  (светлозелено и сива)
– во the Европска Унија  (светлозелено)  —  [Легенда]

Главен градТалин
59°25′N 24°45′E / 59.417° СГШ; 24.750° ИГД / 59.417; 24.750
Најголем град главниот град
Службен јазик естонски
Народности  68,7 % Естонци
25,6 % Руси
  5,7 % останати[1]
Демоним Естонци

(Естонец/Естонка)

Уредување Парламентарна република
 •  Претседател Керсти Каљулаид
 •  Премиер Каја Калас
Независност Руска Империја 
 •  Автономија 12 април 1917 
 •  Објавена независност
официјално признена
24 февруари 1918

2 февруари 1920 
 •  Прва советска окупација 1940–1941 
 •  Германска окупација 1941–1944 
 •  Втора советска окупација 1944–1991 
 •  Втора независност 20 август 1991 
пристапила во ЕУ 1 мај 2004
Површина
 •  Вкупна 43,432 км2 (132-ра)
 •  Вода (%) 4.45%
Население
 •  проценка за 2010 г. 1.360.000[2] (151-ва)
 •  Попис 2000 1.370.052[3] 
 •  Густина 29 жит/км2 (173-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2009 г.
 •  Вкупен $24.004 милијарди[4] 
 •  По жител $17.908[4] 
БДП (номинален) проценка за 2009 г.
 •  Вкупно $19.123 милијарди[4] 
 •  По жител $14.266[4] 
Џиниев коеф. (2005)34
среден
ИЧР (2013) 0.840[5]
многу висок · 33та
Валута Euro (EUR)
Часовен појас EET (UTC+2)
 •  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .ee
Повик. бр. +372

Република Естонија (естонски: Eesti Vabariik) или само Естонија (Eesti) — држава во Источна Европа. Естонија се граничи со Латвија на југ, со Русија на исток, додека на север излегува на Финскиот Залив, а на запад излегува на Балтичкото Море.[6] Вкупната површина на Естонија изнесува 45.227 км2 каде живеат околу 1,3 милиони жители. Главен и најголем град во државата е Талин, додека службен јазик е естонскиот.

Населувањето на денешната територија на Естонија започнала уште во 8500 п.н.е. Низ историјата, Естонците биле под владеење на околните силни држави, како на пример Шведска, Русија или Данска. Странската власт во Естонија започнала уште во 1227 година. Одреден период територијата била под владеење на Германија и Данска, додека во 1500-те години Естонија била под шведска управа. Од 1710 година територијата била под руска управа, следена од советско владеење за да на 20 август 1991 година Естонија се стекне со својата целосна независност. Од 1 мај 2004 година Естонија е дел од Европската Унија.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Модерното име на Естонија се верува дека потекнува од римскиот историчар Такит кој во делото „Германија“ опишал луѓе кои се нарекувале Ести (Æstii). Исто така, во старите скандинавски приказни се опишувала држава именувана Естланд, термин кој и денес се користи во германските јазици за државата. Во македонскиот јазик државата се нарекува со термин кој е ист за сите словенски јазици.

Историја

[уреди | уреди извор]

Географија и клима

[уреди | уреди извор]

Естонија е прибалтичка земја. Се протега и на група од 1521 острови, меѓу кои најголеми се Сарема и Хиума. Релјефот е претставен претежно со низини. Вкупната површина на земјата изнесува 45,226 км2, и според тоа се наоѓа на 129 место по големина во светот. Естонија има копнени и водни граници. Копнените граници и се со Латвија и Русија, и тоа на југ со Латвија и на исток со Русија. Водните граници се со Финска, Латвија, Русија и Шведска.

Политички систем

[уреди | уреди извор]
Парламентот на Естонија

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Карта на окрузите во Естонија

Естонија е поделена на 15 окрузи (maakond). На чело на секоја од нив стои управник (maavanem), кој е претставник на државната влада на регионално ниво. Управникот го назначува самата влада и има петгодишен мандат.

Окрузите понатаму се делат на општини, и тоа од два типа: „градски“ (linn) и „селски“ (vald).

Податоците на населението се однесуваат на состојбата на 31 декември 2011 г.[7]

Округ естонски Админ. центар Површина
(км2)
Население Густина
(жит/км2)
Валга Valga maakond Валга 2.044 30.158 14,8
Виљанди Viljandi maakond Виљанди 3.422 47.594 13,9
Виру Võru maakond Виру 2.305 33.439 14,5
Ида-Виру Ida-Viru maakond Јихви 3.364 149.244 44,4
Јарва Järva maakond Пајде 2.623 30.553 11,6
Јигева Jõgeva maakond Јигева 2.604 31.398 12,1
Љаене Lääne maakond Хапсалу 2.383 24.184 10,1
Љаене-Виру Lääne-Viru maakond Раквере 3.627 59.861 16,5
Пилва Põlva maakond Пилва 2.165 27.452 12,7
Перну Pärnu maakond Перну 4.807 82.584 17,2
Рапла Rapla maakond Рапла 2.980 34.905 11,7
Саре Saare maakond Куресаре 2.673 31.344 11,7
Тарту Tartu maakond Тарту 2.993 150.287 50,2
Харју Harju maakond Талин 4.333 552.643 127,5
Хију Hiiu maakond Кјардла 989 8.470 8,6

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Движење на реалниот БДП на Естонија во периодот 2002–2012.
Буџетските приходи на балтичките земји по жител во 2016 година

Во периодот меѓу двете светски војни естонската економија постепено почнала да преоѓа од земјоделски на индустриски сектор и се развивала по урнек на економијата на соседната финска. Во тој период естонските земјоделски производи (особено путерот, млекото и сирењата) се продавале на пазарите во Германија и другите западноевропски земји. Животниот стандард на естонското население во тој период бил скоро ист со стандардот на населението на Финска. Во текот на Втората светска војна економскиот систем во земјата доживеал целосен колапс, а после советската окупација и целосен пресврт од пазарна на социјалистичка економија. После 1944 година Естонија во целост се интегрирала во советскиот стопански систем заснован на општествена сопственост. Иако во тој период дошло до интензивна индустријализација на земјата, животниот стандард значително опаднал, па така според податоците од 1987 година бруто-домашниот производ на Естонската ССР скоро останал на предвоеното ниво од околу 2.000 американски долари, додека во истиот период БДП на Финска пораснала на 14.370 американски долари.

По обновата на независноста на земјата во 1991 година, била извршена повторна транзиција на пазарна економија и во земјата биле спроведени бројни стопански реформи. Една од најзначајните секако била воведувањето на данок на додадена вредност по единствена стапка од 26 % (без разлика на висината на примањата), а даночната стапка во периодот 20052008 постепено била редуцирана на конечни 21 %. Целокупната вредност на данокот на земја се користи за финансирање на локалните самоуправи. Се оданочуваат дури и јавните институции. Степенот на наплата на данокот е многу висок и изнесува преку 90 %.[се бара извор]<!—мртвата врска е од тој датум-->

Благодарение на сеопфатните реформи стопанството за кратко време закрепнало, а периодот на транзиција од социјалистички на капиталистички систем не бил турбулентен како во некои други држави со слична проблематика. Така националниот БДП во споредба со ЕУ пораснал од 34,8 % колку што изнесувал во 1996, на 65 % во 2007 година. За помалку од 20 години стопанска транзиција, естонското стопанство се трансформирало и интегрирало со стопанските системи на соседните нордиски земји, посебно на Шведска и Финска,[8] и според податоците на Светската банка достигнала статус на високоразвиена економија. Бруто-домашниот производ по жител бележи константен раст, па така од 23.631 долара во 2012 пораснал на 29.543 долари во 2016. години.[9] Бројни реформи значително го олесниле развојот на малите бизниси во земјата, па така според индексот на економски слободи за 2015 година Естонија била рангирана на високото 8. место во светот, односно на 4. место меѓу европските држави.[10] Заради успешната и брза стопанска транзиција и наглиот развој Естонија често се нарекува и балтички тигар (заедно со стопанствата на Летонија и Литванија).

Во ноември 1999 година Естонија станала членка на Светската трговска организација, а од 2010 и на Организација за економска соработка и развој (OECD).[11]

Пред официјалното придружување на еврозоната, национална валута била естонската круна која била вrзана за германската марка во однос 1 DEM за 8 EEK. Круната како официјална естонска валута била во оптек во два наврата, 19281940 и 19922011 година. Нејзи ѝ претходела естонската марка која била во оптек од 1918 до 1927 година, а ја наследило еврото откако Естонија официјално ја усвоила единствената европска валута како сопствено платежно средство 1 јануари 2011 година. Со воведувањето на еврото Естонија станала 17. членка на еврозоната. Замената на естонската круна за евро била вршена по курс 1€ за 15,64664 EEK.[12] Во текот на периодот на советска власт официјална валута била советската рубља.

Според податоците на Евростат, Естонија има најмал јавен долг меѓу сите земји на Европската Унија кој на крајот на 2010 година изнесува 6,7 % од националниот БДП.[13] Од европските фондови за развој Естонија во периодот 2007–2013 добила околу 3,4 милијарди евра.[14]

Естонската економија директно ги осетила последиците од големата економска криза (2007–2010), па така БДП во првата половина на 2008 година паднал за 1,4 %, а до крајот на истата година дури за 9 %. Економијата се стабилизирала дури во почетокот на 2010 година и поново почнала да бележи раст. Така во третиот квартал на 2010 година, индустриското производство пораснало дури за 23 % во споредба со истиот период претходната година. Оттогаш економијата секоја година бележи континуиран раст.[15] Според статистичките податоци од март 2016 година, просечната месечна плата изнесувала 1.105 евра.[16] Меѓутоа постојат значителни разлики во висината на БДП меѓу поедините окрузи во земјата. Подрачјето околу главниот град Талин учествува со повеќе од 50 % од вкупниот национален БДП.[17] Така во 2008 година БДП во Талин изнесувал 172 % од просечниот БДП на национално ниво, или дури 115 % од просечниот БДП на ниво на ЕУ.[18] Стапката на невработеност во март 2016 година изнесувала 6,4 % што било под просекот на ЕУ, односно пет пати помалку од просекот на еврозоната.[19] Единствен период во кој бил бележен константен раст на невработеноста бил периодот од мај 2008 до мај 2009 година кога невработеноста пораснала од 3,9 % на дури 15,6 %.[20] Во 2012 година Естонија била единствената членка на еврозоната со буџетски суфицит и со јавен долг од само 6 %.[21]

Според проценките на центарот за економски стуции (Centre d'Etudes Prospectives et d'Informations Internationales) доколку продолжи актуелниот тренд на стопанскиот раст, естонската економија до 2025 година ќе го достигне нивото на развој на нордиските земји, а до 2050 година ќе стане една од најпродуктивните економии во рамките на Европската Унија.[22]

Најголем дел (преку 71 %) од вкупниот национален доход доаѓа од услужниот сектор, на индустрискиот сектор отпаѓа 25 %, додека земјоделството и другите примарни дејности даваат само 4 % од националниот БДП. Најважни стопански сектори се преработувачката индустрија која претставува околу 14,5 % од вкупното производство, потоа сообраќајот, градежништвото и комуникациите со вкупно 10 %, трговијата претставува 13,5 %, а сите останати сектори околу 21 %.[23]

Естонија има високо развиен сектор на информатички технологии и се смета за една од најразвиените информатички земји во Европа. Естонските програмери Ахти Хеинла, Прит Касесалу и Јан Талин учествувале во создавањето на телекомуникациската интернет-мрежа Скајп.[24]

Земјоделство и шумарство

[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, околу 12 % од работоспособното население на Естонија било вработено во земјоделскиот сектор и произведувало 15,4 % од вкупниот национален доход.[25] Во тоа време Естонија имала околу 1,3 милиони хектари земјоделско земјиште, а околу милион хектари биле ораници. Во текот на советскиот период обработливите површини биле смалени за околу 405.000 хектари и тоа земјиште главно е пошумено. Колективизацијата која била спроведувана во текот на 1940-тите и 1950-тите негативно се одразиле на естонското земјоделство, особено на малите селски имоти кои во предвоениот период претставувале основа на естонското стопанство. До почетокот на 1990 година, на тлото на Естонија егзистирале 221 задруга и 117 државни фарми со просечно околу 350 до 400 вработени на секоја од фармите. На фармите најмногу се одгледувале говеда и свињи, а Естонија била еден од главните снабдувачи на другите советски републики со месо и млеко. Од друга страна храната за стоката главно се добавувала од Русија.

По обновата на независноста на земјата била укината колективната сопственост и земјата била денационализирана. Со закон било овозможено секој поединец да може да изнајми до 50 хектари обработливо земјиште за одгледување житарици и други култури. Земјиштето е наследно, но не може да се продава или купува.[26] Целта на реформата на земјоделскиот сектор било оживување на селото и малите селски имоти кои скоро биле исчезнати со колективизацијата. Само 6 месеци по усвојувањето на групата реформи во земјоделскиот сектор официјално биле регистрирани одколу 2.000 мали селски имоти и нивниот број се зголемувал во наредниот период. Во 1993 година во Естонија имало вкупно 8.781 селски имоти на кои се обработувале околу четвртина од сите обработливи површини. Според законот за данок на имот, кој во текот на 1993 година бил усвоен од националниот парламент, секое домаќинство плаќало годишен данок на имот од 0,8 % до 1,2 % од вкупно проценетата вредност на поседот ( 0,5 % од данокот одел директно во државниот буџет, а остатокот во буџетите на локалните заедници).

Меѓутоа делот на земјоделството во вкупниот национален доход паднал од 15 % на 3,3 % во периодот 1991-2000, а бројот на вработени во земјоделството во истиот период паднал од 15 % на 5,2 %.

Најважните сточарски дејности се млечно говедарство, свињогојство и живинарство, додека главни земјоделски култури се житарици, компир и зеленчук. Месото и месните преработки главно се извезуваат, додека земјоделските производи се пласираат на домашниот пазар. Многу фарми се засновани на начелата на органско земјоделство.[27]

Под шуми се околу 2 милиони хектари со проценети околу 274 милиони кубни метри дрво, од кои околу 70 % комерцијално се експлоатираат. Околу 40 % од сите шуми се директно во сопственост на државата. Во шумарството се вработени околу 1 % од вкупното работноактивно население.

Индустрија, рударство и енергетика

[уреди | уреди извор]
Талин е финансиски центар на Естонија
Фабрика за екстракција на нафтени шкрилци во Кохтла-Јарве

Естонија е релативно сиромашна со природни ресурси. Најважни стопански ресурси се нафтни шкрилци, варовник кој се користи како градежен материјал и дрво (шумите покриваат околу половина од државната територија). Постојат и мали залихи фосфорит, уранинит и гранит кои сè уште не се експлоатираат во значителни количини.[28] Значајни се наоѓалиштата на ретки земни оксиди кои во текот на последните 50 години се наталожиле на депониите на ураниумова руда, шкрилци и лопарит на подрачјето на Силамае.[29] Годишно се извезуваат околу 3.000 тони од овие оксиди, што претставува околу 2 % од вкупното светско производство.

Најважните индустриски гранки во земјата се машинската (на која отпаѓа околу 25 % од вкупното индустриско производство) и дрвопреработувачката индустрија (околу 20 %), а потоа следат прехранбената и хемиската индустрија со удел од по 10 %, металопреработувачката (околу 13 %) и лесната индустрија (со помалку од 5 % удел во вкупното индустриско производство). Во последно време значително се развива електроиндустријата. Најважните индустриски капацитети се наоѓаат на исток на земјата, во округо Ида-Вирума, како и во околината на Талин.[30] Прехранбената индустрија главно се концентрира на домашниот пазар на кое задоволува околу 80 % од вкупните потреби од храна. Рударството како дејност е слабо развиено, токму заради немањето руди, а главно се сведува на експлоатација на нафтени шкрилци, тресет и градежен материјал (чакал, песок, варовнички камен и глина).

Индустријата на нафтени шкрилци е високо развиен, а шкрилците задоволуваат околу три четвртини од вкупните потреби од електрична енергија (и учествува со 4 % во вкупниот национален доход).[31] Нафтените шкрилци (Предлошка:Lang-est) претставуваат еден од стратешки најважните енергенси во Естонија. Во оваа гранка на индустријата во 2012 година биле вработени околу 6.500 работници, или околу 1 % од вкупната работна сила во земјата. Околу 70 % од шкрилците се користат како погонско гориво во термоелектраните, додека помал процент се користи за добивање на синтетичка нафте со процес на пиролиза. Естонија, по Кина, е втора земја во светот по производство на нафта од нафтени шкрилци. Шкрилците се користа и во градежната индустрија како суровина за производство на цемент. Вкупните залихи на нафтени шкрилци во Естонија се проценети на околу 4,8 милијарди тони, а економски исплатив период за експлоатација е проценет на наредните 30 години.

Естонија е енергетски зависна земја која произведува околу 75 % од вкупно потребната електрична енергија, додека остатокот го увезува. Околу 85 5 од вкупното производство на електрична енергија се произведува во термоелектраните кои како погонско гориво ги користат нафтените шкрилци.[30][32] Најголем електроенергетски објект во земјата е комплексот Нарвски термоелектрани (Предлошка:Lang-est) кој се наоѓа во околината на градот Нарва, на крајниот североисто на земјата. Комплекс го сочинуваат две засебни термоелектрани (Ести и Балти) кои како погонско гориво користат нафтени шкрилци. Истите се најголеми електроенергетски објекти од тој тип на светот. Според податоците од 2007 година во Нарвските термоелектрани се произведувало готово 95 % од вкупната естонска продукција на електрична енергија.

Меѓу обновливите извори на енергија најмногу се користи енергијата на ветрот, а според податоците од 2014 година вкупната моќност на сите ветроелектрани изнесувала 303 MW, што претставувало околу 3,2 % од вкупното производство на електрична енергија.[33] Најголемата концентрација на ветроелектрани е во подрачјето на езерото Пејпус и на островот Хијуми.[34]

Естонското електростопанство (Предлошка:Lang-est) е дел од единствениот пазар на електрична енергија Nord Pool Spot''.[35]

Сообраќај, трговија и туризам

[уреди | уреди извор]

Предлошка:Главни чланак

Мапа на најзначајните патни правци во Естонија
Најважните железнички линии во земјата

Вкупната должина на сите патишта во земјата изнесува 57.565 км, од кои само 12.926 км се асфалтирани (податоци за 2013 година). Главната причина за лошата патна инфраструктура, покрај недостатокот од пари е и малата густина на населеност и готово ненаселеност во многу делови на земјата. Околу 10 % или 1.602 км се патни сообраќајници со национално значење. Најважни автопатишта се Е20 ТалинНарваСанкт Петербург (должина 211 км), Е263 Талин–ТартуВиру–понатаму кон Псков и Рига (291 км), Е264 Јихви–Тарту–Валга (216 км), Е67 Талин–Перну–понатаму кон Рига (193 км) и други. Постојат вкупно 12 патни правци од прв степен. Патниот сообраќај доминира во превозот на патници со удел од околу 90 % во вкупниот патнички сообраќај.

Железницата доминира во карго секторот и со овој вид на превоз се транспортира скоро 70% од вкупниот транспорт на стоки. Вкупната должина на сите железнички пруги во земјата изнесува околу 1.200 км, додека во употреба се околу 900 км. Железничкиот сообраќај е во сопственост на државата, а ширината на коловозот е 1.520 mm. Најфреквентни железнички правци се Талин–Тапа–Нарва, Талин–Палдиски, Талин–Рапла и Тапа–Тарту.[36]

Естонија е меѓу водечките земји во Европа по бројот на електрични возила, со просек од околу 1 електричен автомобил на 1.000 жители.[37] Владата го поттикнува користењето на возилата на електричен погон, а дури на 165 пумпи во земјата се наоѓаат и соодветни адаптери за полнење на батериите на електричните автомобили.[37]

Естонска трговија
2016.[38])
Извоз Увоз
 Шведска 20% 9%
 Финска 16% 13%
 Латвија 9% 9%
 Литванија 6% 8%
 Германија 5% -%
 Русија 5% 5%
 Норвешка 4% -%
 Данска 4% -%
 САД 3% -%
 Обединето Кралство 3% 4%
 Полска -% 8%
 Холандија -% 6%
 Кина -% 4%
 Унгарија -% 3%

Според официјалниот државен регистер на пристаништа, во Естонија постојат 45 пристаништа и скори сите се наоѓаат на балтичките брегови. Најголеми и економски најважни пристаништа се Муга (во близина на Талин), Талин (со неколку пристаништа), Палдиски, Кунда, Перну и Силамае. Најголемо значење во патничкиот сообраќај на Балтикот има компанијата Таллинк која одржува редовни бродски врски меѓу Талин од една и Хелсинки, Санкт Петербург и шведски градови од друга страна. Во текот на летните месеци од Талин кон Хелсинки поаѓаат траекти на секој саат, а рутата меѓу овие два града во должина од околу 80 км годишно ја поминуваат околу 8 милиони патници.[36] Меѓу континенталниот дел и островите постојат редовни траектни линии.

Во земјата има 12 аеродроми и 1 хелидром. Талинскиот аеродром „Ленарт Мери“ е најголем во земјата и во текот на 2016 година истиот опслужил 2.221.615 патници.[39] Меѓународни летови се воспоставени и од аеродромите во Перну и Тарту. Сите четири поголеми острови исто така имаат сопствени аеродроми од кои главно се воспоставени линии во домашниот сообраќај. Во сообраќајниот сектор се вработени околу 7,5 % од работоспоспособното население.[36] Транзитниот сообраќај меѓу Русија и остатокот на Европа носи значителни приходи во естонскиот буџет.[40][41]

По зачленувањето во Европската Унија бројот на странски туристи кои ја посетуваат Естонија пораснал за повеќе од 20 %.[42] Најголем број странски туристи доаѓаат од Финска и главно станува збор за еднодневни туристи кои го посетуваат Талин за шопинг. Талин е редовна станица на сите балтички крстарења.

Од воспоставувањето на независност на земјата естонското стопанство се заснова на моделот на пазарна економија и таа е една од земјите на Источна Европа со највисок БДП.[43] Најважен финансиски центар во земјата е Талин, а Талинската берза е членка на групата Nasdaq Nordic.

Најважни извозни производи се машини и опрема, дрво и хартија, облека, храна, мебел, како и производи од хемиската и металната индустрија.[44] Значаен дел во извозот претставува електричната енергија, во просек околу 1,562 милијарди киловатчасови годишно. Од друга страна годишно во просек се увезува околу 200 милиони киловатчасови електрична енергија. Најмногу се увезува нафта (од Литванија и Норвешка) и земен гас (од Русија). Трите најважни извозни пазари на Естонија се Шведска, Финска и Летонија на кои отпаѓа околу половина од вкупниот извоз.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
 
Најголеми градови во Естонија
Бр. Округ Нас. Бр. Округ Нас.
Талин
Талин
1 Талин Харју 451,209 11 Валга Валга 12,992 Нарва
Нарва
Перну
Перну
2 Тарту Тарту 99,429 12 Виру Виру 12,367
3 Нарва Ида-Виру 57,130 13 Хапсалу Љаене 10,236
4 Перну Перну 51,739 14 Јихви Ида-Виру 10,051
5 Кохтла-Јарве Ида-Виру 36,106 15 Кејла Харју 9,861
6 Вилјанди Виљанди 17,958 16 Пилва Пилва 9,543
7 Раквере Љаене-Виру 15,737 17 Рапла Рапла 9,239
8 Марду Харју 15,596 18 Тири Јарва 9,234
9 Силамае Ида-Виру 13,666 19 Паиде Јарва 8,348
10 Куресаре Саре 13,635 20 Тапа Љаене-Виру 7,612

Религија

[уреди | уреди извор]
Верници во Естонија
лутеранци
  
14,8 %
Православни
  
13,9 %
Муслимани
  
0,4 %
Баптисти
  
0,18 %
Нерелигиозни
  
50 %
Црква Свети Олаф.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,[46] 16% од граѓаните на Естонија одговориле дека "веруваат во Бог", а 54% одговориле дека "постои некоја друга сила" и 26% одговориле дека "неверуваат ниту во Бог ниту во некоја натприродна сила". Според оваа анкета, Естонците се наоѓаат на самиот врв во Европската унија како најголем атеистички народ. Историски, сепак, Естонија била на повеќепати била седиште на Лутеранството.

Помалку од една третина од населението се декларира како религиозно односно околу 32% од населението. Во Естонија има повеќе религиозни организации и тоа:

  • Естонска Евангелска Лутеранска црква, а вкупниот број на верници изнесува 14,8%
  • Естонска Православна Црква, а вкупниот број на верници изнесува 13,9%
  • Исламска организација, а вкупниот број на верници изнесува 0.4%
  • Баптистичка организација, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.4
  • Римокатолици, а вкупниот број на верници изнесува околу 0.1

Исто така има и голем број на помали Протестантски, еврејски, будистички и други религиозни групи.

Етнички, Естонија е составена од Естонци со 68.7 %, Руси со 25.6 % и останати народи 5.7 %. Службен јазик е естонскиот, но доста се зборува и рускиот.

Културата на Естонија претставува спој на старата естонска традиција карактеристична за угрофинските народи и остамати европски културни примеси. Самата култура, поради историски причини, била под неколку културни влијанија како на пример словенско, финско, балтичко или германско влијание. Традиционално Естонија е гледана како територија за соперништво помеѓу истокот и западот во тој регион, односно помеѓу Шведска и Русија. Поради тоа, во државата има и протестантсво и православие.

  1. „Population by ethnic nationality, 1 јануари, year“. stat.ee. Statistics Estonia. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 2009-10-24.
  2. „Statistics Estonia“. Архивирано од изворникот на 2012-11-23. Посетено на 2010-05-09.
  3. . "2000. Aasta rahva ja eluruumide loendus (Population and Housing Census)" (PDF). Statistikaamet (Statistical Office of Estonia) and English. Архивирано на 14 јули 2019 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-07-14. Посетено на 2022-10-13.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Estonia“. International Monetary Fund. Посетено на 2010-04-21.
  5. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  6. Portal of the Republic of Estonia Архивирано на 21 јули 2011 г., (естонски)
  7. „Население по пол, народност и окрузи на 1 јануари“. stat.ee. Статистика Естонија. 31 декември 2011. (англиски)
  8. „Еstonian economy overview“. Архивирано од изворникот на 2017-07-25. Посетено на 2019-07-30.
  9. „GDP per capita, PPP (current international $)“. World Bank.
  10. „Estonia“. Архивирано од изворникот на 2009-11-24. Посетено на 27 март 2015.
  11. „Estonia's accession to the OECD“. OECD. 9 декември 2010.
  12. Mardiste, David (1 јануари 2011). „Estonia joins crisis-hit euro club“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2011-11-24. Посетено на 2 јануари 2011.
  13. Eurostat news release Архивирано на 30 септември 2018 г.. Архивирано 27 октомври 2011. на Wayback Machine.
  14. „European Union Structural Funds in Estonia“. Struktuurifondid.ee. Архивирано од изворникот на 2011-10-26.
  15. „Eesti Statistika – Enim nõutud statistika“. Stat.ee. 23 март 2010. Архивирано од изворникот на 2017-11-14.
  16. Aron, Allan; Puura, Evelin. „Avaleht – Eesti Statistika“. Stat.ee.
  17. Koovit, Kaja (1 јуни 2011). „bbn.ee – Half of Estonian GDP is created in Tallinn“. Balticbusinessnews.com.
  18. Half of the gross domestic product of Estonia is created in Tallinn. Statistics Estonia. Stat.ee. 29 септември 2008.
  19. „Real GDP per capita, growth rate and totals – Statistics Estonia“. Stat.ee. Архивирано од изворникот на 14 ноември 2013.
  20. Zumbrun, Joshua. „In Pictures: The World's Hardest-Hit Economies“. Forbes.
  21. „Estonia Uses the Euro, and the Economy is Booming“. CNBC. 5 јуни 2012.
  22. „The Great Shift: Macroeconomic projections for the world economy at the 2050 horizon“ (PDF). France: CEPII. февруари 2012.
  23. „Structure of the Estonian economy“. Estonica. Encyclopedia Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-02-03.
  24. Thomann, Andreas (6 септември 2006). „Skype – A Baltic Success Story“. credit-suisse.com. Архивирано од изворникот на 23 април 2012.
  25. Statistics Estonia (26 септември 2007). "The biggest share of the gross domestic product of Estonia is continuously created in Harju county". Соопштение за печат. Архивирано на 8 август 2014 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-08-08. Посетено на 2019-07-30.
  26. Laansalu, Ants (9 октомври 2009). „Crisis in agriculture in the 1990s“. The rural economy in Estonia until 2001. Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-03-16.
  27. „Structure of the Estonian economy // Agriculture and forestry“. Estonica. Encyclopedia Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-03-21.
  28. „Uranium production at Sillamäe“. Ut.ee. Архивирано од изворникот на 2022-04-20.
  29. Rofer, Cheryl K.; Kaasik, Tõnis (2000). Turning a Problem into a Resource: Remediation and Waste Management at the Sillamäe Site, Estonia. Volume 28 of NATO science series: Disarmament technologies. Springer. стр. 229. ISBN 978-0-7923-6187-9.
  30. 30,0 30,1 „Structure of the Estonian economy // Processing industry“. Estonica. Encyclopedia Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-04-10.
  31. „Actions of the state in directing the use of oil shale. Does the state guarantee that oil shale reserves are used sustainably? Report of the National Audit Office to the Riigikogu“. National Audit Office of Estonia. 19 ноември 2014. стр. 7–14, 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 13 декември 2018.
  32. "Põlevkivi kasutamise riikliku arengukava 2008–2015" 2011. a täitmise aruanne“ (PDF). Valitsus.ee. 6 септември 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 8 мај 2013.
  33. Wind in power 2010 European statistics. EWEA. февруари (2011). pp април и 11.
  34. „Estonian Wind Power Association“. Tuuleenergia.ee.
  35. nordpoolspot.com
  36. 36,0 36,1 36,2 „General overview of Estonian economy // Transit and transport“. Estonica. Encyclopedia Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-04-10. Посетено на 22 февруари 2017.
  37. 37,0 37,1 ESTONIA BECOMES THE FIRST IN THE WORLD TO OPEN A NATIONWIDE EV FAST-CHARGING NETWORK
  38. „Veebruaris kaubavahetus elavnes – Eesti Statistika“. stat.ee. Архивирано од изворникот на 2016-11-14. Посетено на 2019-07-31.
  39. „Statistics — Tallinn Airport“. www.tallinn-airport.ee.
  40. Tubalkain-Trell, Marge (19 јуни 2008). „Estonian businessman: Estonian transit will struggle another 10 years“. Baltic Business News. Архивирано од изворникот на 2014-08-11.
  41. „General overview of Estonian economy // Tourism“. Estonica. Encyclopedia Estonica. Архивирано од изворникот на 2017-04-10.
  42. „GNI per capita in PPP dollars for Baltic states“. Google WorldBank. Посетено на 27 февруари 2015.
  43. „CIA World Factbook: Estonia“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 7 април 2009.
  44. RAHVASTIK SOO, VANUSE JA HALDUSÜKSUSE VÕI ASUSTUSÜKSUSE LIIGI JÄRGI, 1. JAANUAR
  45. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005“ (PDF). стр. 11. Посетено на 2007-05-05.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Општо
Патување