Македонски претседателски избори (2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонски претседателски избори, 2009
Македонија
2004 ←
22 март и 5 април 2009 → 2014

  Ѓорге Иванов.jpg Frcko.jpg
Наименуваник Ѓорге Иванов Љубомир Фрчкоски
Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ
Добиени гласови Прв круг
345.850
Втор круг
453.616[1]
Прв круг
202.691
Втор круг
264.828[1]
Удел Прв круг
35,04%
Втор круг
63,14%
Прв круг
20,54
Втор круг
36,86%

претседател пред избирањето

Бранко Црвенковски
СДСМ

Избран за претседател

Ѓорѓе Иванов
ВМРО-ДПМНЕ

Претседателските избори во Република Македонија се четврти претседателски избори во Република Македонија. Беа одржани на 22 март и 5 април 2009, во исто време со изборите за локална самоуправа. На изборите учествуваа седум кандидати, а победи Ѓорѓе Иванов, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Предизборни анкети[уреди | уреди извор]

Според анкетата, спроведена во јануари 2009 година, најголема поддршка имал Срѓан Керим, кој официјално подоцна истакнал дека нема да се кандидира за претседател, пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Анкета од февруари 2009 покажала дека Иванов води со 27%, а по него следеле Фрчкоски со 13%, Бошкоски со 10%, Селмани со 9% и останатите кандидати заедно со 18%. Во дуел, Иванов би победил над Фрчкоски со 36% наспрема 21%, но со голем број на неодлучени граѓани.[2] Анкета која била спроведена кратко пред изборите покажала дека Иванов води со 23,1% пред Селмани со 13,3% и Фрчкоски со 9,7%; 23,9% биле неодлучени.[3]

Прв круг[уреди | уреди извор]

Во првиот круг, Иванов водел значајно пред другите кандидати со 35%, наспроти Фрчкоски кој добил 20% доволни за второ место, и со тоа продолжил во вториот круг. Имер Селмани од Нова Демократија кој бил наречен „македонскиот Обама“ за неговата способност да ги пречекори етничките граници и да ги привлече и македонските гласачи, покрај албанските, бил најуспешниот од останатите кандидати, освојувајќи 15% од гласовите доволни за трето место, со независниот Бошкоски блиску зад него.[4][5] 103 гласачки места не можеле да бидат отворени поради обилните врнежи од снег; гласањето требало да биде одложено таму.[6] Меѓутоа, поради фактот што гласањето во тие места не можело да го промени на конечниот редослед во никој случај, тие сепак не биле отворени.

Скоро 7.000 македонски и 500 странски набљудувачи ги следеле изборите во околу 3.000 гласачки места.[7] Фер и демократски избори е точка која се смета за важен фактор за приклучувањето на Македонија кон НАТО и Европската Унија.

Втор круг[уреди | уреди извор]

Нова анкета, спроведена една седмица пред вториот круг, покажала дека Иванов води со 25,4% од гласовите наспроти Фрчкоски со 13,8% (односно, 69% наспроти 31% од одлучените граѓани).[8][9]

Неколку дена пред да се одржи вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се согласиле да се поддржат една со друга и на локалните и на претседателските избори. [10]

Делумно поради постоењето на многу гласачи во избирачките списоци кои ја напуштиле Македонија пред многу години и живеат во странство, и делумно поради недостигот на мотив за етничките Албанци да учествуваат во вториот круг, постоеле стравувања дека може да не биде исполнет минималниот цензус од 40% во вториот круг, правејќи ги изборите неважечки.[11]

Резултати[уреди | уреди извор]

Во првиот круг кој бил одржан на 22 март 2009 никој од кандидатите не го освоил потребното апсолутно мнозинство, па бил одржан втор круг на 5 април 2009, во којшто се гласало за двата кандидати со најголем број гласови во првиот круг - Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчкоски.

Одзивот на гласачите во вториот круг бил 42,61%, малку над законскиот минимум од 40%.


e • d Резултати од македонските претседателски избори одржани на 22 март и 5 април
Кандидати и партии-номинирачки Прв круг Втор круг
Гласови % Гласови %
Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) 345.850 35,04 453.616 63,14
Љубомир Фрчкоски (Социјалдемократски сојуз на Македонија) 202.691 20,54 264.828 36,86
Имер Селмани (Нова Демократија) 147.547 14,95  
Љубе Бошкоски (независен) 146.878 14,88
Агрон Буџаку (Демократска унија за интеграција) 73.629 7,46
Нано Ружин (Либерално демократска партија) 40.042 4,06
Мируше Хоџа (Демократска партија на Албанците) 30.225 3,06
Неважечки ливчиња 32.386 3,2 45.589 6,0
Вкупно (одѕив %) 1.019.268 100,00 764.039 100,00
Source: SEC, SEC

Неважечки ливчиња[уреди | уреди извор]

Имало значаен број на неважечки ливчиња и во двата круга: 3,15% во првиот круг и дури 5,87% во вториот. Според извештаи од медиумите, тоа било резултат на апатијата на гласачите и разочараноста од истите. Имало извештаи за група на Facebook наречена „Гласајте за Чак Норис за претседател“ со илјадници фанови.[12] Имало извештаи според кои на илјадници ливчиња биле рачно допишани имиња како „Чак Норис“, „ГОСПОД“, „Џими Хендрикс“ или „Џорџ Буш“. [13][14]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Државна изборна комисија
  2. „Ivanov Leads in Macedonian Presidential Race: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. 2 март 2009. http://www.angus-reid.com/polls/view/32896/ivanov_leads_in_macedonian_presidential_race. конс. 6 април 2009 г. 
  3. „Ivanov Ahead in Macedonian Election: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. http://www.angus-reid.com/polls/view/33043/ivanov_ahead_in_macedonian_election. конс. 6 април 2009 г. 
  4. „Macedonia vote 'free of violence' - CNN.com“. Edition.cnn.com. 23 март 2009. http://edition.cnn.com/2009/WORLD/europe/03/23/macedonia.election/. конс. 6 април 2009 г. 
  5. Mar 21, 2009 (21 март 2009). „AFP: Macedonia holds polls crucial for EU bid“. Google.com. http://www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5iqlUMPZzuZK1HV6o0I7NjSpnwq1Q. конс. 6 април 2009 г. 
  6. „Quiet vote comforts Macedonia's EU bid | EU - European Information on Enlargement & Neighbours“. EurActiv.com. 23 март 2009. http://www.euractiv.com/en/enlargement/quiet-vote-comforts-macedonia-eu-bid/article-180541. конс. 6 април 2009 г. 
  7. "Macedonia Holds Key Vote", The Wall Street Journal, 2009-03-23, конс. 2009-03-23 
  8. Вечер Online
  9. „Ivanov Could Secure Victory in Macedonia: Angus Reid Global Monitor“. Angus-reid.com. 1 април 2009. http://www.angus-reid.com/polls/view/33118/ivanov_could_secure_victory_in_macedonia. конс. 6 април 2009 г. 
  10. Makfax News Agency (англиски)
  11. derStandard.at GmbH. „derStandard.at“. derStandard.at. http://derstandard.at/?url=/?id=1237228795589. конс. 6 април 2009 г. 
  12. Jane's Foreign Report: Macedonian voters search for a hero (македонски)
  13. Утрински Весник: Чак Норис, осми претседателски кандидат (со слики)
  14. Macedonians affirm their sense for humour during elections... (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]