Прејди на содржината

Африм Гаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Африм Гаши
Претседател на Собранието на Македонија
На должноста
Стапил
28 мај 2024
Претходник Јован Митрески
Претседател на Алтернатива
На должноста
10 март 2019 – 27 мај 2024
Лични податоци
Роден(а) 9 ноември 1977(1977-11-09)(47 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија Беса
(2014-2019)
Алтернатива
(2019-денес)

Африм Гаши (албански: Afrim Gashi; 9 ноември 1977 во Скопје) — македонски политичар.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Африм Гаши е роден на 9 ноември 1977 година во Скопје, тогаш во СР Македонија, СФР Југославија. Тој е етнички Албанец. Основно и средно образование завршува во родниот град. Во 2007 година дипломира на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово. Во 2021 година магистрира политички науки на Институтот за правни, социолошки и политички студии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Гаши е претседател на политичката партија Алтернатива од нејзиното основање во 2019 година до 2024 година. Тој е пратеник во Собранието од 2016 до 2020 година[2] и од 2020 до 2024 година.[3]

Гаши е избран за претседател на Македонското собрание на 28 мај 2024 од Коалиција "ВРЕДИ" предводена од Беса, Алтернатива и Демократско Движење.

  1. „Kryetari Afrim Gashi“. alternativa.org.mk (албански). Посетено на 2024-05-22.
  2. „Африм Гаши 2016–2020“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-05-22.
  3. „Африм Гаши 2020–2024“. www.sobranie.mk. Посетено на 2024-05-22.