Референдум во Општина Богданци (2017) — референдум на територијата на Општина Богданци кој се одржал на 11 јуни2017 година.[2] Референдумот бил распишан со одлука на Советот на Општина Богданци.[3]
Жителите на Општина Богданци се изјаснувале по две референдумски прашања: дали се за или против да се стопира изградбата на рудникот Казандол и дали се за или против отварање рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини во општината.
Цензусот за излезност од 50% бил надминат, со што референдумот бил успешен.