Референдум во Општина Валандово (2017)
| ||
Location | Општина Валандово |
---|
Референдум во Општина Валандово (2017) — референдум на локално ниво кој се одржал во Општина Валандово на 20 август 2017 година.[1].
Првично, Советот на Општина Валандово ја отфрлил иницијативата на граѓаните за распишување референдум, по што граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ пристапила кон собирање на потписи од граѓаните за распишување локален референдум.[2] Потребните потписи за распишување референдум биле успешно собрани,[3] по што Советот на општината распишал референдум за 20 август.[4]
Согласно одлуката на советниците, за одржување на референдумот биле обезбедени милион и 200 илјади денари од буџетот на Општина Валандово.[5]
Овој референдум бил неуспешен поради тоа што не гласале повеќе од половина од вкупниот број на регистрирани гласачи.[6]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Жителите на Валандово денеска решаваат за „Казандол“, Фокус, 20.08.2017.
- ↑ „Валандовци ќе собираат потписи за референдум против рудникот Казандол“, „Сакам да кажам“, 30.04.2017
- ↑ „Активистите собра 2.213 потписи за референдум во Валандово, се закануваат со блокади“, „Мета“, 9.07.2017.
- ↑ „Советниците на Општина Валандово изгласаа да се распише референдум“, Радио МОФ, 3.07.2017.
- ↑ Жителите на Валандово денеска на референдм за Казандол, Нова ТВ, 20.08.2017.
- ↑ Референдумот во Валандово не го исполни законскиот цензус за да биде легитимен, телевизија 24 Вести, 20.08.2017.
|