Благој Бочварски
| Благој Бочварски | |
|---|---|
| Бочварски во 2020 година | |
| Градоначалник на Општина Штип | |
| На должноста 3 ноември 2017 – 31 август 2020 | |
| Наследник | непознато |
| Министер за транспорт и врски | |
| На должноста 31 август 2020 – 23 јуни 2024 | |
| Претседател | Зоран Заев Димитар Ковачевски |
| Претходник | Горан Сугарески |
| Наследник | Александар Николоски |
| Пратеник во македонското Собрание | |
| На должноста 30 декември 2016 – 3 ноември 2017 | |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 9 јануари 1985 Штип, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Народност | Македонец |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
| Професија | архитект |
| Вероисповед | православен христијанин |
Благој Бочварски (р. 9 јануари 1985 во Штип) — македонски политичар, поранешен министер за транспорт и врски, поранешен градоначалник на Општина Штип, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и актуелен потпретседател на партијата.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Основно и средно училиште завршил во Штип, а дипломирал на студиите по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој станал член на СДСМ во 2002 година, а во 2013 година бил избран за член на извршниот одбор на партијата.[2]
Бочварски во периодот 2011–2016 година, работел како архитект во приватно градежно претпријатие, по што бил избран за пратеник на парламентарните избори во 2016 година како втор носител на список на СДСМ во третата изборна единица, каде партијата освоила девет мандати.[3] На партискиот конгрес во јуни 2017 година тој бил именуван за потпретседател на СДСМ и член на централниот одбор.[4] На локалните избори во 2017 година, Бочварски остварил победа во вториот круг, а на 3 ноември го презел раководењето со Општина Штип.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Биографија на Благој Бочварски“. Собрание на Република Македонија. 2016-12-30. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ „Потпретседатели на СДСМ“. Социјалдемократски сојуз на Македонија. 2017-06-18. Архивирано од изворникот на 2017-07-19. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ „ДИК ги објави резултатите од предвремените парламентарни избори“. Вест. 2016-12-13. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2017-02-10.
- ↑ „Штипјанецот Благој Бочварски избран за потпретседател на СДСМ“. ТВ Стар. 2017-06-19. Архивирано од изворникот на 2017-06-19. Посетено на 2017-07-09.
- ↑ Градоначалникот на Штип Благој Бочварски стапи на функција[мртва врска], Плусинфо, 3 ноември 2017
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Горан Сугарески |
Министер за транспорт и врски 31 август 2020 - во служба |
Наследник - |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Благој Бочварски“ на Ризницата ? |
| |||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||