Јетон Шаќири
Јетон Шаќири | |
---|---|
Министер за образование и наука на Република Македонија | |
На должноста 17 јануари 2022 – 23 јуни 2024 | |
Премиер | Димитар Ковачевски |
Претходник | Мила Царовска |
Наследник | Весна Јаневска |
Министер за информатичко општество и администрација на Република Македонија | |
На должноста 28 август 2020 – 16 јануари 2022 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Дамјан Манчевски |
Наследник | Адмирим Алити |
Лични податоци | |
Роден(а) | 17 март 1987 Струга, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | ДУИ |
Установа | Државен универзитет во Тетово |
Професија | економист |
Јетон Шаќири (р. 17 март 1987во Струга) — македонски економист и политичар од редовите на ДУИ и министер за образование и наука во владата од 2022 г. и министер за јавна администрација во втората влада од 2020 г.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јетон Шаќири е роден на 17 март 1987 г. во Струга, каде завршува основно и средно гимназиско образование. Во 2005 г. се запишува на Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде дипломира во 2008 година, по што се запишува на постдипломски студии на Економскиот факултет при Меѓународниот универзитет во Струга, каде во 2010 г. со одбраната на магистерскиот труд се стекнал со научен степен магистер по економски науки. Истата година, тој се запишува на докторски студии на Економскиот факултет при Тиранскиот универзитет во Албанија, а на 16 септември 2016 г. ја одбранил својата докторската дисертација под насловот “Банкарскиот надзор и предизвиците од спроведување на Базел II и Базел III во Република Македонија“.[1]
Почнувајќи од 2008 година, тој станал асистент и подоцна наставник во областа на економските науки во Струшкиот меѓународен универзитет. Од септември 2009 г. – јуни 2018 г. бил раководител на додипломски и последипломски студии на истиот универзитет. Од јуни 2018 до декември 2019 г. бил директор на МЈП „Проаква” во Струга, а од јануари до август 2020 г. е директор на ЈП „Водовод и канализација” – Струга.[1]
Од 30 август 2020 година ја извршувал функцијата министер за информатичко општество и администрација во втората влада на Зоран Заев. Од 16 јануари 2022 г. до 23 јуни 2024 г. ја извршува функцијата министер за образование и наука.[1]
Шаќири е автор на повеќе стручни трудови од областа на економијата и финансиите.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Биографија на веб-страницата на Владата на Република Македонија Архивирано на 25 ноември 2020 г.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Дамјан Манчевски |
Министер за информатичко општество и администрација 28 август 2020 - 16 јануари 2022 |
Наследник Адмирим Алити |
Претходник Мила Царовска |
Министер за образование и наука 16 јануари 2022 - 23 јуни 2024 |
Наследник Весна Јаневска |
|
|