Прејди на содржината

Александар Николоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Николоски
Министер за транспорт и врски на Македонија
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Благој Бочварски
Пратеник во Собрание на Република Македонија
На должноста
21 јуни 2008  23 јуни 2024
Претседател Ѓорге Иванов
Стево Пендаровски
Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Никола Груевски
Зоран Заев
Христијан Мицкоски
Лични податоци
Роден(а) Александар Николоски
24 март 1984(1984-03-24)(42 г.)
Охрид, СР Македонија, СФРЈ
Народност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Александра Николоска
Деца 1
Образование Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Александар Николоски (р. 24 март 1984 во Охрид) — македонски политичар и тековен министер за транспорт и врски[1] од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,[2] тој исто така е потпретседател на истата партија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Александар Николоски е роден на 24 март 1984 година во Охрид. Стекнал више образование во Правниот факултет „Јустијан I“ - Скопје. Меѓу 2000-2002 година Николоски бил претседател на Средношколската унија на Македонија. Меѓу 2002-2004 година Николоски бил секретар на ФРЕСТА. Во 2006 година, Николоски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што остранува сé до 2016 година, а потоа повторно е избран во 2020 година каде останува до 2024 година.[1][2]

После Претседателските избори во 2024 година, Николоски бил назначен за министер за транспорт и врски во 35. влада на Македонија, предводена од Христијан Мицкоски.[1]

  1. 1 2 3 „Министер за транспорт - Александар Николоски“. mtc.gov.mk. Посетено на 2026-01-16.
  2. 1 2 „Пратеници - Александар Николоски“. sobranie.mk. Посетено на 2026-01-16.