Бисера Костадиновска-Стојчевска
Изглед
| Бисера Костадиновска-Стојчевска | |
|---|---|
| Бисера Костадиновска-Стојчевска | |
| Министер за култура | |
| На должноста 16 јануари 2022 – 23 јуни 2024 | |
| Премиер | Димитар Ковачевски |
| Претходник | Ирена Стефоска |
| Наследник | Зоран Љутков |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 20 февруари 1986 Битола, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонка |
| Партија | СДСМ |
| Установа | Педагошки факултет |
Бисера Костадиновска-Стојчевска (Битола, 20 февруари 1986 ) – македонски филолог и политичар,поранешна министерка за култура.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бисера Костадиновска Стојчевска е роденa во Битола на 20 февруари 1986 година, каде го завршила основното и средното образование. Докторирала на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, англиски јазик.[1] Станала лектор на факултетот и напредувала до вонреден професор.[2]
На 15 јули 2020 година била избрана за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а на 16 јануари 2022 станала министер за култура.
Активности во Собранието
[уреди | уреди извор]Како пратеничка ги имала следните активности:[3]
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за труд и социјална политика, член
- Комисија за европски прашања, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Унгарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Бисера Костадиновска Стојчевска“. vlada.mk. Архивирано од изворникот на 2023-01-11. Посетено на 11 јануари 2023.
- ↑ „АКАДЕМСКИ КАДАР НА ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ“. Педагошки факултет – Битола. Посетено на 11 јануари 2023.[мртва врска]
- ↑ „БИСЕРА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА“. sobranie.mk. Посетено на 11 јануари 2023.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Ирена Стефоска |
Министер за култура 16 јануари 2022 - 23 јуни 2024 |
Наследник Зоран Љутков |
| |||||||||||||||||||||||||