Стамер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стамер
Улица во селото Стамер.jpg

Улица во селото Стамер

Стамер is located in Македонија
Стамер
Местоположба на Стамер во Македонија
Координати 41°57′00″N 22°49′00″E / 41.95000° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.95000; 22.81667Координати: 41°57′00″N 22°49′00″E / 41.95000° СГШ; 22.81667° ИГД / 41.95000; 22.81667
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 344[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Надм. вис. 740 м
Слава Еремија
Commons-logo.svg Стамер на Ризницата


Стамер — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар на тесен дел се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 13,7 км². На него преовладуваат шумите на површина од 700 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 387 хектари, а на пасиштата 162 хектари.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Стамер било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Стамер имало 130 жители, од кои 100 муслимани и 30 православни.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Стамер имало 202 жители Македонци, од кои 154 муслимани и 38 православни.[4]

Селото во 1961 година имало 264 жители, од кои 249 биле Македонци, а девет жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил на 447 жители, исклучително македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Стамер живееле 344 жители, сите Македонци.[1]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 130 346 413 264 357 388 435 447 344
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Игралиштето пред основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Стамер се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Турија, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0586 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 271 гласач.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Еремија“ (во изградба)
Цркви
Палеонтошки наоди

Во истражувања на Природонаучниот музеј откриени се фосили на носорог, кои го потврдуваат животинското богатство на пикерминската фауна на овој локалитет кој најверојатно бил мочуришен, односно со поголеми водни површини. Фосилите биле откриени од Љубе Митевски, рударски инженер од селото. Праисториската масовна гробница на животни кај делчевски Стамер стана светски позната локација по капиталното откритие на черепот на жирафа која потекнува од раниот плиоцен и е првиот череп од жирафа откопан во Европа.[11]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Еремија — главна селска слава, започната со прослава од 1975 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 8 јули 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 282. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 јули 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 228.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „ОУ „Св. Климент Охридски“ - Делчево“. конс. 8 јули 2018. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 8 јули 2018. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 8 јули 2018. 
  11. „Во атарот на селото Стамер, Делчевско, откриени фосилни остатоци од носорог (ВИДЕО)“. MKD.mk. 30 ноември 2014. конс. 8 јули 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]