Габрово (Делчевско)
Габрово | |
![]() Улица низ селото | |
Координати 41°59′08″N 22°48′00″E / 41.98556° N; 22.80000° EКоординати: 41°59′08″N 22°48′00″E / 41.98556° N; 22.80000° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 794[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09505, 09005 |
Надм. вис. | 660-765 м |
![]() |
Габрово или Турско Габрово — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, меѓу планините Влаина и Осогово, а неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-765 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 26,7 км2. Од Делчево е оддалечено 6 км.[2]
Историja[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XX век, Габрово било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.545,9 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 505,2 ха, а на пасишта 503,5 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Габрово живееле 415 жители, од кои 400 Македонци муслимани и 15 Роми.[3] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 534 жители, сите Македонци, од кои 517 муслимани и 17 православни.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 794 жители, од кои 791 Македонец и 3 останати.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Габрово:[5]
Години | Македонци | Турци | Роми | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 970 |
1953 | 138 | 853 | 8 | 0 | 5 | 970 |
1961 | 398 | 291 | 0 | 0 | 1 | 690 |
1971 | 753 | 9 | 0 | 2 | 6 | 770 |
1981 | 786 | 1 | 0 | 0 | 0 | 787 |
1991 | 789 | 0 | 0 | 1 | 1 | 791 |
1994 | 828 | 0 | 0 | 0 | 1 | 829 |
2002 | 791 | 0 | 0 | 0 | 3 | 794 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Основно училиште „Ванчо Прке“ до IX одделение[6], подрачно училиште на ОУ „Ванчо Прке“ - Делчево.
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборно место бр. 0588 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[7]
На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 686 гласачи.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 662 гласачи.[9]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — градиште од доцноантичко време
- Скокото — населба од неолитско време
- Црквиште — средновековна црква
- Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 65.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 228.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 241.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ „ОУ „Ванчо Прке" - Делчево“. Посетено на 16 јули 2018.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Габрово (Делчевско) на Ризницата ?
|