Селник
Селник | |
![]() Куќи во Селник | |
Координати 42°02′27″N 22°43′50″E / 42.04083° СГШ; 22.73056° ИГДКоординати: 42°02′27″N 22°43′50″E / 42.04083° СГШ; 22.73056° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 28[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09022 |
Надм. вис. | 880 м |
![]() |
Селник — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селник се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 880 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 11,1 км2. Селото е оддалечено 17 км од Делчево.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XX век, Селник било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 442 ха, на пасишта отпаѓаат 348 ха, а на обработливо земјиште 266 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селник живееле 120 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 112 жители Македонци.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 28 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Селник:[5]
Години | Македонци | Турци | Срби | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | 286 |
1953 | 329 | 4 | 2 | 0 | 335 |
1961 | 313 | 0 | 0 | 1 | 314 |
1971 | 195 | 0 | 0 | 0 | 295 |
1981 | 131 | 0 | 0 | 0 | 131 |
1991 | 72 | 0 | 0 | 0 | 72 |
1994 | 66 | 0 | 0 | 0 | 66 |
2002 | 28 | 0 | 0 | 0 | 28 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Букарето (3 к.), Табаци (6 к.), Кратунци (4 к.), Ташовци (9 к.), Папунци (6 к.), Догазанци (5 к.), Деничини (3 к.), Лесовци (3 к.) и Шуманци (3 к.)
- Доселеници: Терзији (3 к.) доселени се во 1918 година од селото Смоличино кај Ќустендил во Бугарија.[6]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0599 според Државната изборна комисија, кое е сместено во трпезаријата во дворот на црквата „Св. Петка“.[7]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[9]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Кадин Чифлик — населба од доцноантичко време[10]
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
Личности[уреди | уреди извор]
- Родени во Драмче
- Трајан Гоцевски (р. 1950) — македонски економист и политичар
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 268–269.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 131. ISBN 9989649286.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|