Лешко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лешко
Лешко is located in Бугарија
Лешко
Лешко
Местоположба во областа
Лешко во рамките на Пиринска Македонија
Лешко
Координати: 41°55′N 22°58′E / 41.917° СГШ; 22.967° ИГД / 41.917; 22.967Координати: 41°55′N 22°58′E / 41.917° СГШ; 22.967° ИГД / 41.917; 22.967
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаГорна Џумаја
Надм. вис.&10000000000000591000000591 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно197
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2749
Повик. бр.0746


Лешко — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во Општина Горна Џумаја на Благоевградската област, Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лешко е планинско село, сместено на надморска височина од 591 метар, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 16 километри југозападно од Горна Џумаја.

Историја[уреди | уреди извор]

Според Рилската грамота на Иван Шишман од 1378 година, селото е во сопственост на Рилскиот манастир.

Во XIX век Лешко е големо македонско[2] село во рамките на Горноџумајската каза на Серскиот санџак. Во 1816 година во селото е изградена црквата „Свети Архангел Михаил“. Според месното население, ктитор на црквата е извесен Стојан - лешковец, којшто се јавувал како ктитор на новата црква, откакот старата „Света Богородица“ била срушена.[3]

Во 1891 година Георги Стрезов пишува за селото:

Лешко, големо село на три часа од Горна Џумаја. Почвата тука е плодородна и богато ги наградува работниците. Има бугарска црква и училиште, со 1 учител и 30 ученици; 300 куќи.[4]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.300 жители, сите Македонци.[2][5]

Во Лешко функционира комитет на ВМОРО и селото во организацијата е познато како „Републиката на Чернопеев“. Кон крајор на 1909 година комитетот на Лешко бил обновен од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо Хаџиманов.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис од 2011 година, во селото имало 197 жители, запишани како Бугари.[2][8]

На табелата е прикажан бројот на населението во Лешко за периодот 1946-2011:[9]

1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
1.359 1.102 740 571 454 380 303 197

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Стоилов, А. П (1922). Един ферман за строеж на цѫрква во: Bulletin du Museé national d'ethnographie de Sofia, том II. Народен етнографски музей в София. стр. 84.
  4. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 20 - 21.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 191. ISBN 954430424X.
  6. Думбалаковъ, Михаилъ (1937). Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, том II (PDF). София: Печатница „Художникъ“. стр. 90–92.
  7. Централен държавен архив, ф. 177 К (Министерство на народното просвещение), оп. 2, а.е. 18, л. 59.
  8. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  9. „Справка за населението на с. Лешко, общ. Благоевград, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-02-05. Посетено на 2018-02-04.