Крупник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Крупник — село во Општина Симитли, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Крупник
Крупник is located in Бугарија
Крупник
Крупник
Местоположба во областа
Крупник is located in Пиринска Македонија
Крупник
Координати: 41°51′N 23°07′E / 41.850° N; 23.117° E / 41.850; 23.117Координати: 41°51′N 23°07′E / 41.850° N; 23.117° E / 41.850; 23.117
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаСимитли
Површина
 • Вкупна35,412 км2 (13,673 ми2)
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2,078
 • Густина59/км2 (150/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.0748
Повик. бр.074207

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Плоштадот во селото
Плоштадот во селото

Се наоѓа 7 километри југозападно од градот Симитли, во североисточните падини на Крупничка Планина, од западната страна по течението на реката Струма, пред да навлезе во Кресненската Клисура. Селото е сместено на 750 метри надморска височина.

Историja[уреди | уреди извор]

Остатоци од античко време има на неколку места околу селото. Во местото Свети Георги (северозападно од селото) има доцноантичка гробница од 4 век. Таа има едно централнa и 5 странични соби. Изградена е од тули, а покриена со свод. Во местото Градиште имало доцноантичка и средновековна тврдина - се гледаат остатоци од ѕид и кула. Во XV век Крупник бил епископско седиште, а епархијата постоела и во XVI век и зафаќала широка територија речиси поклопувајќи се со границите на денешната Благоевградска област или географски - Пиринска Македонија.

Во 1577 митрополитот Јоасаф го подарил на Рилскиот манастир познатото Крупничко евангелие.[2] Крај селото се и остатоците од средновековната епископска црква Света Троица од XVI век, која е урната од Турците во XVII век и претворена во џамија, но подоцна и таа уништена. Од 1965 година црквата претставува споменик на културата.

Во XVII век селото е исламизирано, но населението го задржало својот мајчин јазик.[3][4][5] Селото се споменува во османлиските даночни регистри од 1576 година како село со 3 христијански семејства. Исто така, се споменува и во документ од 1650 година.[4]

Во 1891 година, Георги Стрезов пишува за селото:

Крупник, село во истиот правец, 1/2 час јужно од Симитли. Сместен во еден дол и оттука патот станува премногу тесен и стрмен како што е во Рупелската Клисура; особено лош е патот до [Крива Ливада], 1 час јужно од Кресна. Куќи 120, Помаци. Тука се сее и добар тутун; има и градини.[6]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 725 жители, од кои 660 Македонци муслимани[5] и 65 Роми[7].

Во 1904 година во регионот се случил силен земјотрес чиј епицентар се наоѓал во близина на селото и поради тоа е познат како Крупнички земјотрес.

Според податоците на Неврокопската митрополија, во 1907 година во селото имало 54 христијани, веројатно доселеници од околните села.[4]

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото останале уште 2-3 помачки семејства.[8]

Подоцна мал дел од Македонците-бегалци се населуваат во селото. Во почетокот на 1923 година Антон Поп Стоилов пишува дека, „непријателските и неудобни куќи“ во Крупник биле преполни со бегалци од Егејска и Вардарска Македонија и со доселеници од околните села. Од 179-те семејства во селото, 11 биле локални Помаци, 54 доселеници од Зарово, Солунско, 53 од Кресна, 23 од Србиново, 19 од Сушица, 7 од Падеш, 3 од Тросково, 3 од Берово, 2 од Драглишта, Разлошко, по 1 од Куманово, Горно Порој, Валовишко, Рила, Фролош.[9]

На 24 август 1925 ВМРО организира колеж на комунисти и дејци на БЗНС во местото Орловец. Убиени се Стојан Газерски, Ангел Кипров, Партени Партениев, Симеон Попов, Костадин Трендафилов, Трошан Трошанов, Краљо Цветков, Јосиф Чакалски и Петар Чакалски.

На 21 јули 1928 година тука е одржан Седмиот конгрес на ВМРО.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главно се одгледува тутун, лозја, овошјe; овци.

Демографија[уреди | уреди извор]

Масовно населување на луѓе има во годините 1960-1979 од селата Тросково, Брестово и Сенокос, а во периодот 1975-1980 и од село Кадијца (денес Сушица)

Според пописот од 2011 година, во Крупник живееле 2.078 жители.[10]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[11]

националност број %
Бугари 1.493 71,8
Роми 39 1,87
Турци / 0
други 9 0,43
не се самоопределиле 4 0,19
не одговориле 533 25,6
Вкупно 2.078 100

На табелата е прикажан бројот на населението во Крупник за периодот 1934-2011:[10]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
население 1.702 2.246 1.803 2.030 2.213 2.445 2.466 2.392 2.078

Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Функционира основно училиште „Св.Кирил и Методи“.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во селото постои група на ОМО Илинден. 2005 година тие побараа предавање на македонски јазик по медиумите, што беше одбиено.[12][13][14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Годишен црковен собор на Арахангеловден во чест на патрона на селското храм "Свети Арахангел Михаил". Исто така секоја последна сабота на месец август се одржува младински собор (секоја година се кани позната пејачот).

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Бугарија според пописот од 1 февруари 2011 г. Ethnic composition, all places: 2011 census.
  2. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 476. ISBN 954-90006-103 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  3. Снегаров, Иван (1932). История на Охридската архиепископия-патриаршия, том 2. София. стр. 170.
  4. 4,0 4,1 4,2 Енциклопедија „Пирински крај“, том I. Благоевград: Редакција „Енциклопедија“. 1995. стр. 475. ISBN 954-90006-1-3.
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  6. Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 20.
  7. Кънчов, Васил (1996) [1900]. „Горно-Джумайска Каза“. Македония. Етнография и статистика (бугарски) (изд. II.). София: Проф. М. Дринов. стр. 192.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
  9. ЦДА, ф. 177 К, оп.1, а.е. 818, л. 13-14 (Рапорт на Антон Попстоилов за научната му обиколка в Мелнишко и Горноджумайско 1922-1923 – л. 2-18).
  10. 10,0 10,1 „Справка за населението на с. Крупник, общ. Симитли, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  11. "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-04-05. Посетено на 2012-03-18.
  12. [1]
  13. [2]
  14. [3]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]