Желевица
Изглед
| Желевица | |
|---|---|
Реката во близина на селото Нов Истевник | |
![]() | |
| Местоположба | |
| Држава | |
| Општина | |
| Села | Нов Истевник, Тработивиште |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Влаина |
| Устие | |
• место | Брегалница |
• координати | 41°53′19″N 22°48′29″E / 41.88861°N 22.80806°E |
| Должина | 22 км |
| Големина на сливот | 116,3 км2 |
| Особености на сливот | |
| Течение | Брегалница → Вардар → Егејско Море |
Желевица — река во Македонија, сместена на планината Влаина.[1]
Реката е долга 20 километри. Вода има преку целата година и реката не пресушува.[1]
Нејзиното сливно подрачје изнесува 116,3 км2. По нејзината долина се движи патот Берово-Пехчево.[1]
Извор
[уреди | уреди извор]Извира од подножјето на врвот Кадиица на надморска височина од 1.822 метри на планината Влаина.[1]
Устие
[уреди | уреди извор]Се влева во реката Брегалница, кај селото Тработивиште, при влезот во Делчевското Поле.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 30. ISBN 978-9989-2117-6-8.
