Панчарево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Панчарево
Поглед на маалото Филиповци.jpg

Поглед на маалото Филиповци во селото Панчарево

Панчарево is located in Македонија
Панчарево
Местоположба на Панчарево во Македонија
Координати 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167Координати: 41°50′58″N 22°54′06″E / 41.84944° СГШ; 22.90167° ИГД / 41.84944; 22.90167
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Pehčevo Municipality.svg Пехчево
Област Пијанец
Население 375[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Надм. вис. 800-1000 м
Слава Спасовден
Панчарево на општинската карта
Панчарево во Општина Пехчево.svg

Атарот на Панчарево во рамките на општината
Commons-logo.svg Панчарево на Ризницата


Панчарево — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Полето пред селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во крајниот северен дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Делчево, како и со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е ридско-планинско, а куќите се издигаат на надморска височина од 800 до 1.000 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 24,5 км². На него обработливото земјиште зазема површина од 926 хектари, на пасиштата отпаѓаат 894 хектари, а на шумите 579 хектари.[2]

Географски, Панчарево е дел од историско-географската област Пијанец, кое денес административно се наоѓа во Општина Пехчево. Селото се наоѓа во најсеверниот дел на општината, и атарот на Панчарево се граничи со Бугарија на исток, со Општина Делчево на запад и со атарот на селото Црник на југ. Селото се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, на планината Влаина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Панчарево било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Главна стопанска гранка во селото е сточарството.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Панчарево имало 700 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Панчарево имало 560 жители.[4]

Панчарево било големо село, па преминало во средно село по големина, населено само со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 993 жители, а во 1994 година 467 жители.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Панчарево живееле 375 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 700 560 873 930 933 877 703 493 467 375
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Панчарево, во која единствено село било Панчарево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Панчарево се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Разловци, Стар Истевник и Тработивиште.

Во периодот 1955-1965 година, селото се наоѓало во рамките на општината Пехчево, заедно со градот Пехчево и селата Негрево, Робово, Умилена, Црник и Чифлик.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0018 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 268 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 248 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Димитриј“
Поранешната селска црква „Вознесение Христово“, која изгорела и денес се останати само урнатини
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Споменици
Реки[15]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Панчарево

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 27 мај 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 228-229. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 27 мај 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  8. „Образование“. конс. 21 мај 2018. 
  9. „Се реконструира селскиот дом во село Панчарево“. Сител Телевизија. 4 ноември 2017. конс. 27 мај 2018. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 27 мај 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 27 мај 2018. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014) (на македонски). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 53-54. ISBN 978-9989-2117-6-8. 
  16. Спасевски, Валери (1 март 2018). „„Спасина чешма“, една од најстарите чешми во Пијанец“. Делчево365. конс. 27 мај 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]