Прејди на содржината

Илија Николовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Илија Николовски
Роден 6 јули 1948
село Панчарево, Беровско, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање генерал-мајор

Илија Николовски (роден на 6 јули 1948 година во село Панчарево, Беровско) — македонски генерал-мајор на АРМ, во пензија.[1], претседател на вонпарламентарната Партија на обединети пензионери и граѓани на РМ, претседател на воените ветерани и резервисти.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Основно и средно училиште завршил во Берово, а Воена академија на ЈНА во Белград и во Сараево. Командирската должност ја започнал како потпоручник – командир на вод, а подоцна бил командир на чета и командант на баталјон. Во ЈНА ги завршил Командно-штабната академија и школата за народна одбрана. Бил воен претставник во Амбасадата на Македонија во Бугарија и воен претставник на АРМ во Брисел. Бил командант на бригада и командант на корпус. Во 2003 година се пензионирал.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Николовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 777–778. Text "series " ignored (help)