Цера
Цера — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Осоговија, оддалечено 14,5 километри северно од Македонска Каменица.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото е дел од Малешевската каза во Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Цера живееле 910 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цера имало 880 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 379 жители, сите Македонци.[3] Од Цера се иселил значителен број население, така што од голема преминала во средна по големина населба.
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 910[1] | 880[2] | 970 | 1.097 | 942 | 859 | 755 | 478 | 523 | 379 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 617 и 618 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 250 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Манастирот Еленец;
- Спомен–костурница на загинати неколку илјади српски војници во Битката кај Цера, една од најкрвавите во Втората балканска војна во 1913 година;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- Бабина Баница - традиционална манифестација на подготовка на баници под вршник;[7]
- Ден на дијаспората - собир на иселеници;[8]
Личности[уреди | уреди извор]
- Миленко Кокорски (1884 - 1924) - деец на ВМРО[9]
- Мите Церски (?-1924) - македонски револуционер, кочански војвода на ВМРО;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Фестивал „Бабина баница“
- ↑ Ден на дијаспората
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 703.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Манастирот Еленец ќе го спасува селото Цера, Патоказ
- Се враќа надежта во едно од најживописните села, Телеграф