Прејди на содржината

Тодоровци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодоровци

Поглед во Тодоровци

Тодоровци во рамките на Македонија
Тодоровци
Местоположба на Тодоровци во Македонија
Тодоровци на карта

Карта

Координати 42°00′00″N 22°37′14″E / 42.00000°N 22.62056°E / 42.00000; 22.62056
Регион Источен
Општина Македонска Каменица
ОбластОсоговија
Население во атар1181 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2304
Повик. бр.033
Шифра на КО09025
Надм. вис.480-760 м
Тодоровци на општинската карта

Атарот на Тодоровци во рамките на општината
Тодоровци на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Тодоровци — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Тодоровци се наоѓа во областа Осоговија, во јужниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е од разбиен тип и неговите маала се издигаат на надморска височина од 480-760 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2.[2] Од Македонска Каменица е оддалечено 7 км, а од Делчево 17 км.

Маалата во селото се познати како Тодоровци и Паламарска Маала.

Историја

[уреди | уреди извор]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на селскиот атар, шумите се простираат на површина од 558 ха, пасиштата се на површина од 327 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 119 ха.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тодоровци живееле 120 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Тодоровци имало 64 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото Тодоровци живеат 235 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 175 Македонци и 6 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 64 222 269 327 239 228 217 240 235 181
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се следниве:

Македонски
  • Староседелци: Ајдаре (4 к.), Пешовци (4 к.), Ѓаците (2 к.), Божичевци (1 к.), Стоиловци (5 к.), Јаневци (1 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Гоцевци (2 к.), Костадиновци (1 к.) и Ристовци (2 к.).
  • Доселеници: Митеве (4 к.) кои се доселени во 1904 година од селото Грљани кај Виница; Сасане (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Тработивиште; Алексовци (2 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Голак, југозападно од Делчево; Ивановци (3 к.) кои се доселени во 1894 година од селото Калиманци кај Виница; Ѓоргијовци (2 к.) кои се доселени во 1864 година од селото Костин Дол; Ајдарето (3 к.) кои се доселени во 1913 година од селото Саса; Ристовци (2 к.) кои се доселени во 1890 година од селото Драгобраште кај Виница; Грланци (4 к.) кои се доселени во 1878 година од селото Грљани; Паламарци (5 к.) кои се доселени во 1895 година од селото Илиово.[13]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Каненица.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 605 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 188 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[16]
Езера

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 297.
  3. ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-11.
  4. ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  5. ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  6. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. Архивирано од изворникот на 2023-08-18. Посетено на 2024-02-09.
  7. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  8. ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  14. ↑ „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  15. ↑ „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 1 април 2021.
  16. ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]