Еленец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еленец
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеЦерски манастир
Горноцерски манастир
Други имињаМанастир „Покров на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наПокров на Пресвета Богородица
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Покров на Пресвета Богородица“
Личности
Место
МестоЦера, Општина Македонска Каменица Македонија Македонија
Координати42°03′49.5″N 22°31′03″E / 42.063750° N; 22.51750° E / 42.063750; 22.51750Координати: 42°03′49.5″N 22°31′03″E / 42.063750° N; 22.51750° E / 42.063750; 22.51750
Видливи остатоциедна црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија, чешма
Отворен за јавностда
Други информации(Оризарска парохија)

Церски манастир или Горноцерски манастир, но попознат како Еленецманастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во Ѓергииска Маала на селото Цера.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот потекнува уште од римско време. Во неговиот денешен облик бил изграден врз темелите на стариот објект во 1880 година. Манастирот е изграден покрај една карпа, на која во длабнатината имало икона пред која се палеле свеќите. Низ годините манастирот претрпел оштетувања и инвентарот во него застарел. Поради тоа, во текот на 2010-тите започнала негова реконструкција, а притоа била подобрена и инфраструктурата со изградба на асфалтен пат за што биле обезбедени 270.000 евра од програмата ИПА за прекугранична соработка.[2][3]

Настани[уреди | уреди извор]

Благдени[уреди | уреди извор]

Во чест на благденот Покров на Пресвета Богородица којшто се празнува на 14 октомври, во манастирот се одржува голем народен собир и многу луѓе ноќеваат во него.[4]

Бабина Баница[уреди | уреди извор]

Бабина Баница е собир на пензионери којшто традиционално се одржува во месец јуни. Настанот е во организација на Здружението на пензионери од Македонска Каменица, а е поддржан од Општина Македонска Каменица и КИЦ „Романса“ од Македонска Каменица. Секоја година на настанот со културно-уметничка програма се собираат пензионери од цела Македонија, а се одржува и натпревар во подготовка на баница под вршник. натпреваруваат во подготовка на баница под вршник.[5] вршник

Градби[уреди | уреди извор]

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, куќи, помошни објекти, трпезарија и чешма.

Црква „Покров на Пресвета Богородица“[уреди | уреди извор]

Црквата претставува крстокуполен храм со сложена аритектура којашто се одликува со три куполи, полукружна апсида на источната стана и доградена камбанарија пред главниот влез на западната страна.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 32. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Ш., Љ.. „Еленец ја враќа надежта во подзаборавената Цера“. ММС. 14 август 2018.
  3. Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 105-106. Посетено на 17 февруари 2021.
  4. Црковно-народен собор во црквата „Покров на Света Богородица“ кај село Цера“. А1он. 14 октомври 2013.
  5. Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 94. Посетено на 17 февруари 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]