Селиште (Вранинци)
Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанското село Вранинци. Наоѓалиштето претставува населба и некропола од Доцната антика и старохристијанска црква. Во непосредната близина на селското училиште, на површина од 200 × 200 м, во селските ниви се откриени темели од повеќе објекти. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. На горниот крај на наоѓалиштето има остатоци од старохристијанска црква, а до неа некропола од која се гледаат контурите на десетина гроба.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 174. ISBN 9989649286.
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од доцноантичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква
- Вранинци
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кочани
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кочанско