Гропче (Кочани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гропче
археолошко наоѓалиште
Гропче is located in Македонија
Гропче
Местоположба на Гропче во Македонија
Местоположба 41°55′0″N 22°25′0″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667Координати: 41°55′0″N 22°25′0″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667
Основни податоци
Место Кочани
Општина Кочани
Тип

Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Гропчеархеолошко наоѓалиште во градот Кочани. Претставува средновековна некропола. Се наоѓа на 3 км северисточно од градот, на тромеѓата на атарите на Кочани, Оризари и Вранинци, од двете страни на патот што води за Полаки. Во 1984 година е извршено сондажно ископување, при што се откриени повеќе гробови. Според начинот на погребувањето се издвојуваат 3 типа на гробови: без конструкции (слободно закопување), од камени плочи - тип циста, и гробови со венец од кршени камења. Сите се поставени во правец запад-исток. Од гробни прилози се најдени прстени, обетки, белезици од стаклена паста и тордирана бронзена жица и други предмети. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 176, ISBN 9789989101069