Самоклепец (Пресека)
Изглед
„Самоклепец“ | |
| Местоположба | 41°59′03″N 22°31′31″E / 41.98417°N 22.52528°E |
| Основни податоци | |
|---|---|
| Место | Пресека |
| Општина | Кочани |
| Тип |
|
| Период | доцноантичко време |
| Портал „Археологија“ | |
Самоклепец — археолошко наоѓалиште во кочанското село Пресека. Претставува објект од доцноантичко време. На околу 200 м источно од старата милиционерска станица се издига мала височинка наречена Самоклепец или Стара Црква, која претставува дел од планинскиот масив. На врвот им црква изградена во 1931 година, и тоа, според селаните, врз темели од постар објект. При изградбата биле најдени римски тули, покривни ќерамиди, два питоса и неколку монети. Еден од питосите сè уште лежи вкопан во олтарот на црквата.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069
| Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
