Кругот на Касарните (Кочани)

Координати: 41°55′0″N 22°25′0″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кругот На Касарните


Местоположба 41°55′0″N 22°25′0″E / 41.91667° СГШ; 22.41667° ИГД / 41.91667; 22.41667
Основни податоци
Место Кочани
Општина Кочани
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Кругот На Касарните археолошко наоѓалиште во градот Кочани.

Претставува населба од римско време.

На ридот што се издига во средниот дел на градот,над левиот брег на Кочанска Река, во и околу кругот на старите касарни се наоѓа некропола од I-III век. Во 1982 година Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата извршил сондажно ископување (Ж. Винчиќ). Биле откопани повеќе гробови со камени конструкции - цисти, како и гробни јами со кремирани покојници положени во урни. Во археолошката литература се споменуваат девет питоси и еден епиграфски споменик најдени многу порано. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Кочани.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 175, ISBN 9789989101069