Св. Спас (Полаки)
Св. Спас — археолошко наоѓалиште во кочанското село Полаки. Претставува градиште од доцноантичко време. На високиот рид што се издига кај утоката на долот Лиса во Беровска Река, има зарамнет врв со простор од 50 × 50 м на кој се зачувани темели од бедем граден од камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле најдени и неколку монети, меѓу кои една од времето на Грацијан (IV век). На местото е подигната црквичката „Св. Спас“.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |