Селиште (Оризари)
Селиште — археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.
Претставува населба од железно време и римско време.
Лежи јужно од селото, над Долно маало, на мала височинка што се спушта кон север. Северозападно од неа тече Оризарска Река, а на околу 100 м западно е наоѓалиштето Куново -Чуки. Уште во првата половина на педесеттите години оттука е вадена земја што овозможило да се констатира културен слој дебел 1 м и во него да се забележат фрагменти од керамички садови карактеристични за железното време II, како и за III i IV век. Оттука потекнува и една бронзена држалка во облик на делфин, што се чува во Заводот и музеј во Штип.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бела Црква — доцносредновековна црква;
- Затселиште — населба од железното и римското време;
- Јаловец — старохристијанска црква;
- Куново - Чуки — некропола — тумули од железното и доцноантичкото време;
- Куново — населба од римското време;
- Селиште — населба од железното и римското време;
- Сланец — населба од доцноантичкото време;
- Соколовско Маало — населба од доцноантичкото време;
- Топлак — населба од неолитското време;
- Цигански Рид — населба од неолитското, железното и римското време;
- Црна Црква — средновековна црква со некропола;
- Оризари;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 180, ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од железно време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Оризари (Кочанско)
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кочани
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кочанско