Војновица (Бели)
Војновица — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бели. Претставува населба со некропола од римското време. На 4 км од селото и околу 500 м северно од ридот Градиште, на површина од неколку декари се среќаваат многу фрагменти од керамички садови, тегули, питоси и покривни ќерамиди. На повеќе места низ нивите се откриени темели од објекти. На горниот крај на наоѓалиштето биле откриени 30-тина гроба градени од камени плочи. Најдени се повеќе монети ковани во текот на II-VI век. Дел од нив се чуваат кај жител од Кочани.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Бели
- Археолошки наоѓалишта во Општина Кочани
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кочанско