Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиково
Свети Климент
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Кочанско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°02′56.5″N 22°27′02.3″E / 42.049028° СГШ; 22.450639° ИГД |
Место | Пашаџиково |
Општина | Кочани |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Климент Охридски |
Завршено | 1947 |
Архитектонски опис |
Свети Климент – црква во селото Пашаџиково. Сместена е од десната страна на патот кој води до туристичкиот центар Пониква.
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата била изградена во 2012 година со ктиторство на Благој Ситновски и неговото семејство. Храмот бил осветен од страна на Митрополитот Брегалнички г. Иларион во септември 2015 година.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. На секоја страна од куполата има по една монофора. Апсидата е украсена со три слепи ниши. Со три слепи ниши се украсени и полукружните крила, а во нивната средишна ниша има по една монофора. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна до којашто е дограден трем. Дворот на црквата е ограден со метална ограда којашто има бетонска основа.
Во непосредна близина на црквата се наоѓа мал помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед на црквата
-
Јужната и источната страна
-
Главниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Осветен новиот храм кај Пониква посветен на св. Климент Охридски Архивирано на 28 февруари 2021 г.“. Телевизија Канал 8. 14 септември 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиково на Ризницата ?