Прејди на содржината

Кочанско архијерејско намесништво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани - седиште на намесништвото

Кочанско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија едно од четирите намесништва во Брегалничката епархија. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Кочани и Виница со околните села. На чело на Кочанското архијерејско намесништво се наоѓа прота Атанас Пармачки (сост. 2016).[1][2]

Во градот Кочани се наоѓаат седум градски, а по селата девет селски парохии. Во градот Виница гравитираат четири парохии сместени во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Виница.

  1. Postolovski, Goran (2013) Historical Aspect of Bregalnitza Dioceses. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
  2. Трајановски Александар, (2008), Возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, Скопје, 356.