Кучичино
Кучичино | |
![]() Воздушен поглед на Кучичино | |
Координати 41°50′42″N 22°19′2″E / 41.84500°N 22.31722°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Кочанско Поле |
Население | 319 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2333 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13019 |
Надм. вис. | 320 м |
Слава | Ѓурѓовден |
![]() |
Кучичино — село во Општина Чешиново-Облешево, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на територијата на Општина Чешиново-Облешево, од левата страна на реката Брегалница, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Карбинци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 16 километри.[2]
Низ селото поминува регионалниот пат 2334, кој е поврзан со регионалниот пат Кочани-Штип.[2]
Кучичино е изразено потпланинско село, сместено во подножјето на планината Плачковица, помеѓу Бурилчево на запад и Теранци на исток. Мештаните на Кучичино го користат пониското земјите на север за земјоделство и падините на Плачковица на југ за сточарство. Сепак, во селото има оскудност за питка вода, која во минатото се добивала само од една пумпа. Нема извори ни на планинските падини.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Средни Пат, Чивлачки Пат, Пороиште, Синор, Лака, Долно Поле, Под Ридинки, Стари Лозја, Богуновец, Манастир, Средни Рид, Волџаница, Голема Чука, Влаишта, Ролова Нива, Црногор, Мало Осоје, Говедарица, Граиште, Големо Осоје и Јованковец.[3]
Селото има збиен тип, издолжено во насока југ-север и е поделено на три маала: Горно, Средно и Долно. Во секое маало има родовски групи на куќи.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Кучичино се смета за старо село во Кочанското Поле. Во него постојат и поголем број на староседелски родови. Меѓутоа, во тоа село во 1780-тите години владеела чума и од болеста преживеале само 4 домаќинства. Од нив потекнуваат денешните родови.[3]
Околу 1900 година, во селото имало 40 македонски домаќинства. Сите денешни жители потекнуваат од нив.[3]
На месноста Манастир над селото нема никакви остатоци од старини. Селото до 1960-тите години немало сопствена црква и за празници ја поседувале црквата „Св. Богородица“ во соседното Бурилчево.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,2 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 509 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 422 хектари, додека на шумите само 5 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него имало фабрички погон, земјоделска задруга и други услужни објекти.[2]
Пред крајот на отоманскиот период, во селото имало мал чифлиг со 20 хектари земја. Негов сопственик бил некој Турчин од Скопје. Останатата земја на атарот отсекогаш била на мештаните.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кучичино живееле 350 жители, сите Македонци.[4]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кучичино имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Кучичино е средно по големина село, коешто во 1961 година броело 759 жители, а во 1994 година 610 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, селото имало 546 жители, од кои 544 Македонци и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 311 Македонци и 8 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 350 | 400 | 567 | 670 | 759 | 848 | 801 | 628 | 610 | 546 | 319 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Кучичино е македонско православно село.[3]
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
- Староседелски родови: Барбутци (15 к.), Молчевци (7 к.), Дочови (7 к.), Мрзанци или Смиљанци (16 к.), Балтовци (10 к.), Перковци (7 к.), Уткарци (11 к.), Богданови (14 к.) и Карапаиџовци (6 к.), сите овие родови во селото се староседелски.
- Доселеници: Бојаџиеви (12 к.), доселени се во турско време од селото Бурилчево.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Се знае за следниве иселени родови: родот Кучичанци (1 к.) се иселил во соседното Чешиново, а родот Каменарци (5 к.), се иселиле во соседното Бурилчево. Во периодот пред 1960 година се иселиле шест домаќинства: во Теранци (1 к.), во Штип (1 к., од родот Мрзанци) и во штипските села Доброшани (3 к., од родот Перкови) и Радање (1 к., од родот Дочеви).[3]
Во поново време е забележано значителен пад на населението во селото.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
- Подрачното основно училиште „Климент Охридски“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Климент Охридски“ - Облешево
- Поранешна пошта
- Дом на културата
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]На крајот од XIX век, Кучичино било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Чешиново-Облешево, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Облешево.
Во периодот 1962-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Облешево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Кучичино, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0881 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 360 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 361 гласач.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[16]
- Цркви
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска и манастирска црква; и
- Црква „Св. Трифун“ — нова црква започната со изградба.
- Манастири
- Кучичински манастир — нов манастир
-
Главната селска и манастирска црква „Св. Архангел Михаил“
-
Црквата „Св. Трифун“ (во изградба)
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Слави[3]
- Ѓурѓовден — главна селска слава.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 171. Посетено на 4 јануари 2025.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 130. OCLC 16745284.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2025.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 4 јануари 2025.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 176. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|