Жиганци
Жиганци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.
Историја[уреди | уреди извор]
На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жиганци живееле 156 жители, од кои 150 Македонци и 6 Роми.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жиганци имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 90 Власи.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Жиганци живеат 362 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 227 жители, од кои 214 Македонци и 13 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 156 | 314 | 430 | 502 | 579 | 556 | 501 | 451 | 378 | 362 | 227 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 877 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 229 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во оризовите полиња крај Злетовска Река, во селото Жиганци се наоѓаат остатоци од една крстообразна црква, која е датира од XIV век. Остатоците од црковната градба не се проучени, но таа лежи на еден постар објект. Во долните делови на црквата, вградени е мермерни меноа од некој постар објект.
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Богатиница — населба од неолитско и доцноантичко време;
- Долченица — населба и некропола од доцноантичко време;[13]
- Базилика — ранохристијанска базилика;[14]
- Црква — средновековна црква;[15]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Злетовица (Жиганци)
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ ТИМ ОД АРХЕОЛОЗИ НЕКОЛКУ ДЕНА РАБОТИ НА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ДОЛЧЕНИЦА
- ↑ Ранохристијанска базилика откриена на новиот експресен пат Штип – Кочани
- ↑ Епископијата на Брегалница : прв словенски црковен и културно-просветен центар во Македонија -Блага Алексова
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Сателитска снимка на Жиганци на Карти на Гугл
|