Кочанска Бања

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кочанска Бања се наоѓа на 7 км од Кочани од десната страна на магистралниот пат КочаниШтип. Сместено е во подножјето на Осоговските Планини и лежи на последните ограноци од ридиштата на овие планини, кои благо се спуштаат кон котлината на надморската висина од 340 км. Од источната страна се наоѓа село Тркање, а од западната село Спанчево, кон југ селото се граничи со плодните оризови полиња. Народната традиција зборува дека Бање името го добило по бањата и изворите на топла вода во селото.

Изворите во Бања се одликуваат со специфични хидролошки, односно хемиски-минеролошки и топлински својства, како и со количеството на водата која извира на овој простор. Количеството на вода во бањата во подолг период била назадоволителна. Со извршените дупчења количеството на термоминерална вода изнесува над 65 литри во секунда. Температурата на водата е 64 степени, што значи дека станува збор за мошне погодна вредност. Тоа овозможува користење во бањската намена, бидејќи се работи за хипертермална вода.

По хемискиот состав бањата спаѓа во групата на слабоминерализирани топли води. Во неа преовладуваат хидрокарбонатите, слабо е алкална и со низок степен на радиоактивност. Од катјоните најмногу содржини натриум, калиум, калциум и магнезиум, а од анјоните хлор, сулфати, хидрокарбонати, силициумоксид, алуминиумоксид, железооксид и други. Поседува и ретки минерали, како што литумот, цезимуот, рубидиумот и слично.

Ваквите физичко-хемиски својства на вдата во Кочанската бања претставуваат основа врз која се заснова нејзиното користење за лечење на бројни болести. Главно се користи при лечењето на следните болести:

  • Сите видови на рематични заболувања
  • Заболувањата на жолчните патипта и жолчната кесичка
  • Заболувањата на мочните канали
  • Гинеколошки заболувања
  • Воспалувања на нервите
  • Болести на желудниот и дванаесетпалачно црево
  • Состојби по повреди на коскениот систем и други заболувања

Освен тоа ниската радиоактивност на водата благотворно делува на катаралните воспалувања и заболувањата на дишните ограни. Иако денес оваа бања не ги користи во потполност потенцијалите кои ги поседува, треба да се истакне дека се работи за бања кои ја користеле уште Римјаните. Во периодот на осмалинското владеење на овие простори Бањата била користена и од Турците. Во близина на Кочанската бања, кај село Долни Подлог од дупнатина длабока 318 метри откриена е топла минерална вода со јачина од 95 литри во секунда и температура од 80 степени, што може да претставува основа за изградба на бањски здравствено рекреативни објекти.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Н. Ташков: Туристичките вредности на бањите во Република Македонија (Универзитет „Гоце Делчев“, Штип), април 2004.