Прејди на содржината

Црква „Св. Константин и Елена“ - Соколарци

Координати: 41°53′46″N 22°16′43″E / 41.89611°N 22.27861°E / 41.89611; 22.27861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Константин и Елена

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Кочанско
Парохија Соколарска
Местоположба

Карта

Координати 41°53′46″N 22°16′43″E / 41.89611°N 22.27861°E / 41.89611; 22.27861
Место Соколарци
Општина Чешиново-Облешево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Цар Константин и Царица Елена
Изградба 1848
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика
Стил преродбенички

Свети Константин и Елена — главна селска црква во кочанското село Соколарци, Македонија.[1]

Црквата претставува парохиски храм на Соколарската парохија.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена на сретселото.

До 1913 година, околу црквата се наоѓале селските гробишта, кои оттогаш биле преместени и сега се наоѓаат западно од селото.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Изградена е во 1848 година, а во 1892 година била обновена.[3]

Според истражувачот Јован Трифуноски денешната црква била изградена во 1880 година на место на постара црквичка која еднаш случајно била запалена („изгорела од свеќата на попот“).[2]

Над самиот главен влез во црквата пак стои запишана годината 1890 како година на подигнување.

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Црквата не е зографисана.[3]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Иконите во црквата се од XIX век, дело на непознат автор.[3]

Иконите „Богородица со Христос“, „Свети Димитрија“ и „Вознесение Христово“ се изработени во 1895 година, дело на прочуениот мајстор Димитар Андонов Папрадишки.[4][5]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 92. OCLC 16745284.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Соколарска парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 28 март 2014.
  4. Николовски, Дарко (2020). Фото архива на Антоние Николовски за Македонските зографи од крајот на XIX и почетокот на XX век: (Андонов, Зографски и Ванѓеловиќ) (PDF). Скопје: Едиција Културно наследство, Министерство за култура на Р. С. Македонија. стр. 74–76.
  5. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 32.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]