Прејди на содржината

Света Елена (царица)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елена
мајка на Константин Велики
Роден(а)околу. 246/50
Хеленополис
Починал(а)околу. 330
Цариград, Римско Царство (денешен Истанбул)
Почитуван(а) воРимокатоличка црква
Православие
Древноисточни цркви
Црква на Англија
Лутеранска црква
Главно светилиштеБазилика Свети Петар
Слава18 август (Римокатоличка црква); 21 мај (Православие, Англиканство & Лутеранство); 19 мај (Лутеранска црква); Коптска православна црква)
ОбележјаВистински крст
Заштитништвоархеологист, прекрстување, разведени луѓе, царицата, Света Елена остров

Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште и како Света Елена, Елена Августа и Елена од Цариград (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот цар Констанциј I Хлор и мајка на царот Константин Велики.

Света Елена со Светиот крст

Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.

Таа исто така е поврзана со основањето на Ватиканските градини.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]