Констанциј I Хлор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Констанциј I Хлор
Роден 31 март 250
денешна Хрватска
Починал 25 јули 306
Јорк, денешна Англија

Констанциј I Хлор (латински:Flavius Valerius Constantius, Flavius Valerius Constantius Chlorus, Constantius I) бил римски цар. Познат и како Флавиј Валериј Констанциј. Со Римското Царство управувал од 293 до 305 година, заедно со Максимијан. Се нарекува Хлор поради својот блед тен на кожата како и од морската болест од која што страдал. Како цезар управувал со Галија, Германија и Реција. Во 293 година Британија била изгубена, но во 296 година, Констанциј I Хлор повторно ја вратил во територијата на Римското Царство. Поголемиот дел од своето владеење го поминал на британскиот остров во Еборак, денешен Јорк.